АНКАРА (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 3 терористи на ПКК/ЈПГ, што избегале од северот на Сирија, се предале на граничните единици на турските безбедносни сили во градовите Шанлиурфа и Мардин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството објавено на социјалната мрежа Твитер, терористите продолжуваат да ја напуштаат терористичката организација ПКК/ЈПГ како резултат на одлучните операции на безбедносните сили.

Во овој контекст, во соопштението на Министерството се истакнува дека тројцата терористи на ПКК/ЈПГ се предале на граничните единици на турските безбедносни сили во областа Суруч во Шанлиурфа и во областа Нусајбин во Мардин.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.