Откако во неговиот стан биле распрскани отровни материи, на православниот свештеник во Ерусалим тешко му бил оштетен неговиот нервен систем.
Откако во околината на станот на православниот свештеник на Ерусалим Атахулах Хана бил распрскано отровна супстанца тој веднаш бил пренесен во болница. Палестинскиот политички аналитичар Елиф Сабаг зборувал за нападот на телевизијата Ал-Мајадин и истакнал дека се сомнева дека имало намера врз Хана да се изврши напад со боен отров.
Отровите расфрлани низ куќата на свештеникот го оштетуваат човечкиот нервен систем, па не е изненадувачки што тој не можел да стане или да се движи.
Пред да се направи распсрскување со отровот, вработените во Министерството за финансии беа испратени на одмор, ама на Хани не му било дадено никакво предупредување да не го напушта домот. Само на врата на црквата беше објавено дека отровот ќе биде попрскан во околината без да се наведе точната локација или време.
Набргу откако свештеникот бил отпуштен од болницата, неговата здравствена состојба се влошила.
Сабаг изјавил дека се обидел да контактира со одговорните за овој потег, но тие му одговориле дека не одговараат на телефонски барања и дека свештеникот треба лично да оди во Тел Авив или да испрати писмо.
Ататулах Хана, епископ на Себастијанската епархија на грчката православна црква во Ерусалим, во понеделникот пред новинарите изјави дека бил нападнат бидејќи го бранел и се залагал за палестинското прашање и дека заради лекување ќе замине во Јордан.
Веста за труењето на свештеникот многу е тешко да се најде и скоро никој од западните агенции за труењето на Атахулах Хана на самиот Божиќ не даде никаква важност.
Во медиумите може да се најде дека палестински православен свештеник претходно иницираше протести против израелската окупација и злосторства на израелскиот режим против Палестинците.
Откако се вратил на свеста во болницата, тој го обвини Израел за обид за убиство. Тој во моментов е во болница во Јордан, од каде упати апел за муслиманско и христијанско единство и братство и рекол дека со тоа што бил нападнат, Израел ги нападнал сите Палестинци.
Извор:logicno










