Почина турскиот државјанин, тешко повреден во терористичкиот напад во Нов Зеланд

0
239

Почина Зекерија Тујан, турскиот државјанин кој беше тешко повреден во терористичкиот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).

Во терористичкиот напад извршен во џамијата „Ал Нур“ на 15 март во Крајстчрч, Тујан беше тешко повреден од два куршума кои го погодија во ногата и грбот. Соопштено е дека Тујан ја изгубил битката со животот по денешната операција.

Неговиот брат Јахја Туран, во изјавата за дописникот на АА, истакнувајќи дека со голема тага ја слушнале веста за смртта на својот брат, додаде: „Денеска беше опериран, не можеле да го запрат крвавењето, и починал. Ние се радувавме, мислевме дека состојбата му е подобрена, се бореше 50 дена, докторите рекоа дека направиле сѐ што можеле, не не успеале да го спасат.“

Зекерија Тујан, татко на две деца, се лекуваше во Одделот за интензивна нега во болницата во Крајстчрч.

Во терористичкиот напад на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, што се случи на 15 март, за време на одржувањето на петочната молитва, беа убиени 50 лица, и исто толку беа повредени.