(Дубаи – Портал) – По терористичките напади врз џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, каде што на 15 март, за време на петочните молитви загинаа најмалку 50 луѓе, откажани се колективните ифтар, планирани за време на Рамазан. (AA)

Фарук Мустафа, претседател на Федерацијата на исламските здруженија на Нов Зеланд, рече дека, во рамките на мерките во џамиите, поради сигурноста на муслиманите, откажани се колективните ифтари.

Покрај моменталните мерки тие обезбедиле и други дополнителни мерки со новозеландската полиција. Мустафа Фарук им се заблагодари на полицијата за нивната поддршка по терористичките напади.

Како што рече, од безбедносни причини овој Рамазан ќе откаже дел од активностите кои претходно ги организирале. Една од овие активности е Отворените денови на џамијата, кои се преместени за јуни месец.

Мустафа Фарук објасни дека поради безбедноста одлучиле да не ги покануваат луѓето во џамиите.

Во два одделни терористички напади за време на џума намаз во џамиите Нур и Линвуд во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, на 15 март оваа година, загинаа најмалку 50 луѓе.

Mahir Demşoski