АКП на Ердоган по втор пат повикува за повторување на изборите во Истанбул

0
130

(Дубаи – Портал) – Турската владејачка партија АК Партија ја поднесе втората петиција за откажување и повторување на изборите во Истанбул од пред три недели, наведувајќи ги илјадниците гласачки ливчиња што ги изнеле луѓето за кои се вели дека не се квалификувани да гласаат поради претходните владини декрети, објави Агенцијата Анадолу во саботата.

Врз основа на првичните резултати и серијата пребројувања, главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) ја освои градоначалничката позиција во најголемиот турски град, на пораз за претседателот Тајип Ердоган, кој ја започна својата политичка кариера и служеше како градоначалник во 1990-тите.

Новиот градоначалник на ЏХП Екрем Имамоглу, ја презеде градоначалничката функција во средата, и покрај формалното барање што АКП го претстави еден ден претходно, за поништувањее и повторување на изборите за градоначалник поради големиот број на неправилности.

Ердоган изјави дека неговата АК Партија ќе го продолжи својот предизвик, а во вчера поднесе дополнителна петиција до Високиот изборен одбор поради тоа што околу 14.000 гласови од оние за кои се изјасниле дека се неподобни поради декретите, според телевизијата НТВ.

Цитирајќи го заменик-претседателот на АКП, Али Ихсан Јавуз, НТВ рече дека партијата, исто така, најде 424 лица кои гласале илегално.

Mahir Demişoski