Додека покривот и кулата на Нотр Дам беа уништени во случаен пожар, обележјата во муслиманските земји беа намерно уништени со експлозив
АНКАРА (АА) – Пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, кој се случи во понеделникот, потсети на другите историски обележја и богатства што човештвото ги изгуби во последните години во текот на граѓанските војни во Сирија, Ирак и во Авганистан, пишува Anadolu Agency (AA).
Додека покривот и кулата на Нотр Дам беа уништени во случаен пожар, обележјата во муслиманските земји беа намерно уништени со експлозив.
– Палмира, Сирија –
Терористичката организација ДЕАШ ја окупираше Палмира, која беше на листата на Светското наследство на УНЕСКО, во периодот помеѓу 2015 и 2017 година, и уништи голем број од нејзините историски споменици.
ДЕАШ ја уништија статуата на античкиот Лав на Ал Лат во Палмира, како и неколку други величествени статуи, како што се Храмот на Баал Шамин од првиот век, Храмот на Бел и Кулата на Елахбел од вториот век.
Палмира, оазата на обемната историја во сириската пустина, североисточно од главниот град Дамаск, е дом на монументалните археолошки урнатини на античкиот град кој претставуваше еден од најважните културни центри во првите два века од нашата ера.
Како крстосница на цивилизациите, Палмира се очекува повторно да биде отворена за туристите ова лето, по обемното реновирање.
– Големата џамија на Алепо, Сирија –
Големата џамија на Алепо, позната и како Џами Халаб ал-Кабир или Емевијската (Омајадската) џамија од Алепо, е најголемата и една од најстарите џамии во сирискиот град Алепо.
Со својата местоположба на антички локалитет со кое е дел од Светското наследство, овој скапоцен камен на Селџучката цивилизација се смета дека е местото каде што се наоѓаат останките на Божјиот пратеник Захарија (Зекерија), таткото на Јован Крстител (Јахја ибн Зекерија), личности почитувани и во исламот и во христијанството.
Колосалната џамија за првпат била изградена во осмиот век пр.н.е. Сегашната градба, како џамија, датира од периодот меѓу 11-от и 14-от век. Каменото минаре со височина од над 34 метри е изградено во 1090 година, а е уништено од страна на сирискиот режим за време на судирите во граѓанската војна во Сирија во 2013 година. Од 2017 година е во фаза на реновирање.
– Џамијата на Божјиот пратеникот Јона (Неби Јунус), во Мосул, Ирак –
Во јуни 2014 година, ДЕАШ исто така ја уништи и 1.300 години старата џамија изградена во име на пратеникот Јона во Мосул, Ирак, каде што се верува дека е погребан. Се смета дека асирскиот крал Есархадон (681-669 пр.н.е.), исто така, изградил палата на ова историско место.
– Големата џамија на Ал Нури, во Мосул, Ирак –
Позната по своето навалено минаре, според кое градот го добил и прекарот „грбавец“, џамијата Ал-Нури беше уништена од ДЕАШ за време на судирите кај Мосул во 2017 година. 850 години старото историско обележје моментално минува низ фаза на големо реновирање.
– Статуите на Буда од Бамјан, во Кабул, Авганистан –
Изградени во шестиот век во долината Бамјан во Хазараџат, централен Авганистан, 230 километри северозападно од Кабул, две статуи на Гаутама Буда беа уништени во март 2001 година од страна на Талибанците








