Неизвесно во Израел: И Ганц и Нетанјаху прогласија победа

0
143

(Дубаи – Портал) – Неизвесна ситуацијата во Израел. Двајцата лидери, и Нетанјаху и Ганц излегоа и прогласија победа на денешните избори.

Додека пак, анкетите за излезеност предвидоа парламентарно мнозинство во корист на десничарските партии односно на “Сината и белата партија” на Ганц.

“Ние победивме! Израелската јавност го кажа својот глас! “, Изјавуваат од партијата на Ганц.

Сепак, две од спроведените анкети предвидоа дека десничарските партии заедно ќе заземат повеќе од 60 од вкупните 120 места на парламентот, формирајќи блок кој би го натерал Нетанјаху на формирање на следна коалициска влада. Третите резултати од анкетата предвидува дека овој блок ќе биде врзан со централно-левичарски партии наклонети кон Ганц.

“Десничарскиот блок предводен од Ликуд убедливо победи”, рече Нетанјаху во изјавата. “Ќе почнам да формирам десничарска влада со нашиот природен партнер оваа вечер”.

Mahir Demişoski