Малку тоа може да компромитира било кој политичар во Латинска Америка како американската поддршка од САД, бидејќи народите во регионот се свесни за својата историја и не му веруваат на Вашингтон, за Foreign Policy пишува политичкиот аналитичар, Линдзи О’Рурк. Значи, обединувајќи ги своите напори за промена на “режимот”, лидерот на опозицијата во Венецуела и Америка преземаат огромен ризик, што може да се претвори во уште еден сериозен конфликт.
Венецуела беше една од најстарите латиноамерикански демократии, ама годините на неефективно економско управување, корупцијата и растечките авторитарни апетити на претседателот Николас Мадуро ја доведоа земјата во криза, пишува Линдзи О’Рурке, политички аналитичар во Бостонскиот колеџ.
Денес, венецуелскиот Боливар, националната валута, практично е безвреден. Минатата година, хиперинфлацијата изнесуваше 1.300.000%. Гладта се шири низ земјата. Оние кои можеле веќе избегале во соседните земји, а заради бранот мигранти во неколку земји од Латинска Америка, започнаа хуманитарна криза.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 23-ти јануари изјави дека ако Мадуро одлучи да употреби сила за разбивање на протестите, Вашингтон, кој ја поддржува опозицијата, ќе ги разгледа “сите можни опции” како одговор.
Но, уредникот на статијата предупредува дека смената на владата во Венецуела, особено на иницијатива на САД, изгледа многу ризично. И покрај фактот што повеќе од 20 земји го следеа примерот на Вашингтон и го признаа лидерот на Венецуела Хуан Гуаидо како привремен претседател, демонстрантите треба да бидат претпазливи.
Дури и според некои американски медиуми, пред да биде прогласен за претседател, Гуаидо ги координирал своите акции со САД. Ова е, наводно, дел од планот на Вашингтон и неговите “сојузнци во Латинска Америка” чија цел е соборување на Мадуро. Се чини дека администрацијата на Доналд Трамп веќе извесно време тргнува кон сменување на владата во Каракас. Во август 2017 година, претседателот Трамп ја спомена “воената опција” во Венецуела. Во 2018 година, весниците пишуваа дека сегашната администрација се сретнала со незадоволните воени лидери во земјата за да ги подготват за потенцијален државен удар.
“И покрај тоа што Вашингтон на крајот одлучи да не ги поддржува заговорниците, Мадуро и понатаму се сеќава на тоа и ги обвинува САД за се во Венецуела”, пишува Foreign Policy, американско списание кое главно ги одразува ставовите на вистинските владетели на САД.
И овде, според О’Рурк, евидентна е опасноста од премногу нејасни изјави на администрацијата на Трамп во врска со политиката на промена на “режимот”. Можеби Вашингтон овој потег го гледа како е единствениот исправен одговор на хуманитарната криза во Венецуела, ама заради контрадикторните изјави на претседателот Трамп, многумина во регионот имаат сомневања за добрите намери на САД.
Минатата недела Мадуро ги предупреди Венецуелците: “Не му верувајте на гринго!” И не е изненадување што латиноамериканците во голема мера го заборавија американскиот “дипломатски курс” од почетокот на 20 век, кога американските воени бродови ја презедоа контрлота на поголемиот дел од регионот.
“Ако се свртиме кон политиката на менување на режимот, тогаш, како што јасно покажува историјата, таа речиси никогаш не завршила со успех ни за земјата, што и е цел”, потсетува аналитичарот.
“На крајот, државите со соборени влади, кои отворено или потајно биле непријателски расположени кон САД, најчесто беа соочени со граѓанска војна. Сепак, без оглед колку може да изгледа неефективна политиката на промена на режимот, САД и понатаму истрајно ја спроведуваат. Дури после Втората светска војна дека Америка, наместо со топовњача, Америка конечно се префрли на прикриени акции, кои успешно ги тестираа во 10 земји од Латинска Америка. Дури и претходникот на Мадуро, Хуго Чавез, кој исто така се соочуваше со неуспешен државен удар, беше сигурен дека тоа е работата на Американците “, пишува авторот, иако тој не верува во оваа верзија бидејќи, наводно, нема документи за да се потврди ова.
Во секој случај, јасно е дека венецуелците се сомневаат во САД. Затоа, признавањето на владеењето на Гуаидо од страна на Трамп представува “меч со две острици”. Од една страна, тоа може да го зголеми авторитетот на опозицијата во очите на американските сојузници, ама од друга страна, венецуелците би можеле да одлучат да не го сакаат Гуаидо на чело на земјата, ниту пак Вашингтон да им се меша во внатрешните работи.
Освен тоа, како што забележал О’Рурк, признавањето на лидерот на опозицијата во целокупната слика прави мала разлика. Фактот дека САД сакаат повлекување на Мадуро е добро познат. Американската поддршка за Гуаидо ќе предизвика значајно поместување на рамнотежата на внатрешните сили во Венецуела. Слична е ситуацијата и на меѓународната сцена, каде што Мадуро има свои поддржувачи, главно се собрани околу Русија, Турција и Кина.
За да се разбереме како американската поддршка за опозицијата на другата земја ретко завршува со нешто добро, не мора далеку да барате примери. Доволно е да се потсетиме на Либија или на Сирија. Во случајот со Венецуела, Гуаидо изјави дека му е потребна поддршка од три групи: народот, меѓународната заедница и војската. Од сите три, можеби најважната поддршка е армијата, но, за жал, за опозицијата, тоа е најтешко е да се постигне, вели американскиот политолог.
Високи воени водачи веруваат дека нивните ставови се тесно поврзани со актуелната влада и премногу се заглавени во постојниот систем. Под новата власт, некој може да биде загрозен со обвиненија за корупција, кршење на човековите права и шверц на дрога. И дури и ако обичните војници веројатно би сочувствувале со Гуаидо, со сета нивна желба, многу е тешко да се соработува со нив.
Денес администрацијата на Трамп ризикува многу. Ако Мадуро и неговата влада паднат, односите на САД со Каракас ќе се подобрат, а Вашингтон може да се гордее со себе. Но, ако Мадуро остане на власт, тој може да го обвини Вашингтон за вмешаност во државен удар. Сегашниот претседател на Венецуела во овој случај ќе прослави идеолошка победа над Америка и со право ќе може да го нарече Гуаидо “политичка марионета” на САД.
Најлошото сценарио е Вашингтон директно да интервенира во она што се случува во Венецуела, кско би го уништил режимот на Мадуро. Тоа веројатно би била катастрофа. Малку луѓе во Венецуела се подготвени да трпат странски интервенции, особено од САД.
Како што прецизно забележал шефот на Комитетот за надворешни односи на мексиканскиот Сенат, Хектор Васконселос,: “Ништо повеќе нема да го распламти сомнежот за легитимноста на Хуан Гуаидо од поддршката што ја добива од САД. Ние сме во Латинска Америка и Белата куќа тоа би требало да го разбере ова. … Научете ја историјата. ”
Извор:Foreign Policy











