Франција: „Жолтите елеци“ повторно на улиците

0
130

Членовите на движењето „Жолти елеци“ во Франција, повторно излегуваат на улиците за да продолжат да вршат притисок на Владата на францускиот претседател Емануел Макрон. Оваа сабота протестите се одржуваат 12. пат по ред, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во Париз и во другите француски градови оваа сабота се планирани повеќе протести за да ја осудат економската политика на Макрон, за која критичарите сметаат дека ги фаворизира богатите.

Во главниот француски град оваа сабота демонстрантите планираат да оддадат почест на загинатите и повредените на „Жолтите елеци“ за време на судирите со полицијата.

Владата на Франција објави дека околу 2.000 лица се повредени во протестите, кои по првпат се одржани на 17 ноември минатата година, додека во одделни сообраќајни инциденти поврзани со активностите на „Жолтите елеци“ загинаа 10 лица.

Државниот совет на Франција во петокот донесе одлука, според која безбедносните сили имаат право да користат контроверзни гумени куршуми за контрола на масата.