Палестина минатата година ја посетиле повеќе од 3 милиони туристи

0
243

Иако e соочeна со прогресивна израелска окупација, Палестина минатата година забележа значителен пораст во туристичките посети од целиот свет, објави агенцијата Анадолу (АА).

Палестинското Министерство за туризам и историско наследство изјави дека палестинските територии минатата година ја посетиле 3.049.753 туристи.

Во соопштението се вели дека е за 12,3 отсто повеќе од туристички посети во 2017 година.

“Ние проценувавме дека во најдобар случај би можеле да достигнеме до три милиони туристи, но тоа е над сите очекувања”, се вели во соопштението.

Министерството објави дека ќе продолжи со мерките за кои се надеваат дека ќе резултираат со натамошно зголемување на туристичките посети оваа година.