Грчкото министерство распиша конкурс за имам на џамијата во Атина

0
329

Министерството за образование и верски прашања на Грција објави конкурс за имам на џамијата во Атина, кој е во фаза на изградба, објави агенцијата Анадолу (АА).

Во конкурсот се вели дека кандидатите мора да бидат запознаени со грчкиот јазик и во Атина да живееле најмалку три години.

На конкурсот за имам можат да се пријават само државјани на Грција кои го завршиле Факултетот за исламски науки и кои го познаваат арапскиот јазик.
Покрај тоа, предност ќе имаат и кандидатите кои зборуваат англиски, француски или германски.

Џамијата во грчкиот главен град, каде што моментално неманиту една џамија, официјално ќе биде отворена во 2019 година.