Турскиот хеликоптер T625 ќе биде претставен на „Bahrain Airshow“

0
207

Турската индустрија за воздухопловство и вселена (TUSAŞ), од 14 до 16 ноември ќе учествува на интернационалното „Bahrain Airshow“, на кое ќе го претстави хеликоптерот за општа намена T625, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската индустрија за воздухопловство и вселена објави соопштение во кое се наведува дека на интернационалното „Bahreyn Airshow“, кое започнува утре и ќе трае до 16 ноември, ќе се претстави со хеликоптерот T625 за општа намена, кој својот прв лет го направи во септември.

Хеликоптерот за напад T625, со модернизација доби една поинаква димензија. На Бахреин, која е пријателска и сојузничка држава, се гледа како на земја со која е можна соработка во развивањето на некои базни платформи на ова летало, кое има приоритет да стане хеликоптер за општа намена.

На интернационалното „Bahrain Airshow“, кое се смета за еден од најзначајните саеми во Заливот, Турската индустрија за воздухопловство и вселена учествува по третпат, правејќи чекор кон своето брендирање во Заливот и конкретизирање на своите активности во подрачјето.

На земјите од Заливот ќе им биде претставен хеликоптерот T625, кој покрај тоа што првенствено ќе има ВИП кабина, на посетителите на Саемот ќе им биде претставен во различни конфигурации.

– Хеликоптер за општа намена T625 –

Хеликоптерот за општа намена T625 својот прв лет го оствари на 6 септември во 6:00 часот по локално време. Овој хеликоптер, кој е изработен земајќи ги предвид идните оперативни барања, поседува развиена авионика (електронски систем што се користи во леталата), високи перформанси и квалитет на употреба, и во потполност е произведен од домашни ресурси и можности.

Кабината во T625, која е со голем капацитет, можно е лесно да се конфигурира, со цел цивилните и воените корисници лесно да ги извршуваат своите задачи.