Форензичарите во текот на претресот на пронајдениот автомобил на саудискиот Конзулат во Истанбул пронајдоа два куфери со предмети за кои се верува дека му припаѓаат на убиениот саудиски новинар Џамал Кашогџи, објавија турските медиуми.
С-Ен-Ен Турк објави дека форензичките при претресот на автомобилот пронашле компјутер и документи, за кои се верува дека му припаѓаат на Џамал Кашоги. 
Видеата од видео надзорот покажаа дека Кашоги не носел никаков багаж кога влегол во Конзулатот.
Сведокот за Ројтерс претходно изјави дека саудискиот тим, заедно со турски истражители, го пребарале автомобилот, кој беше пронајден вчера на подземен паркинг во областа Султангази во Истанбул.
Пребарувањето на возилото е прекинато и ќе продолжи утре, пренесува Срна.
Турските власти и претходно објавија дека се сомневаат дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат на 2 октомври и дека неговото тело било сокриено.
Официјален Ријад прво тврдеше дека на саудиските власти не им е позната судбината на новинарот на Вашингтон Пост, а подоцна признаа дека Кашоги по “грешка во тепаќка бил убиен” во зградата на Конзулатот.
Извор:(Vijesti)











