Кога зборуваме за кризата во Латинска Америка, сите прсти се вперени во Венецуела, која е навистина во тешка ситуација поради фактот што, и покрај политиката на Хуго Чавез, земјата беше цврсто врзана за доларот и снабдувањето со сурова нафта на американските рафинерии. Но, нешто на југот на континентот постои криза што се одвива на ниво на хуманитарна катастрофа, ама во медиумите се молчи. Станува збор за Аргентина.
Вчера ММФ потврди дека нејзината канцеларија ќе ја преземе Централната банка на Аргентина, а потоа ќе ја надгледува работата на таа институција и дали владата ги исполнува сите финансиски трошоци, односно дали се спроведуваат структурните реформи што ги наметнува ММФ во замена за помош де факто банкротираната Аргентина.
Враќањето на Меѓународниот монетарен фонд, кој поранешните лидери, Нестор и Кристина Фернандез де Киршнер, го протераа од земјата, ќе ги почувствуваат сите аргентински домаќинства, бидејќи веќе е најавено дека политиката на социјално прилагодување ќе биде строга, без оглед на протестите и што Аргентинците го одбиваат со постојани големи собири низ целата земја.
Но реалноста е неодолива. ММФ не сака ветување и сака контрола над земјата. Владата на Маурицио Макри, која дојде на власт на претседателските избори во ноември 2015 година, прифати ММФ да става канцеларија во рамките на Централната банка на Аргентина. Тревор Алејн, од Јамајка, ќе биде претставник кој ќе ја презема централната финансиска институција во земјата.
Во следната година, Аргентина ќе плати уште повисоки каматни стапки на долг, и треба дополнителни намалувања во здравството, образованието, домувањето, науката и технологијата. Новите странски владетели на Централната банка на Аргентина ќе бидат одговорни за нејзиниот бизнис и ќе го одредат најважниот дел од буџетот од 2019 година.
Во предизборната кампања во март 2015 година, Макри вети процвет на Аргентина и дека ќе ги прекине сите врски со “комунистичката влада” на претседателката Кристина Фернандез де Киршнер, која повеќе не можеше да се кандидира за избори, а нејзиниот блок беше претставен од гувернерот Даниел Сциоли. Блокот на Кристина Киршнер ги изгуби изборите не поради наводниот “комунизам”, иако беше во добри односи не само со социјалистичките влади на Латинска Америка, туку и со Русија, Кина, па дури и со Иран, туку заради тоа што бараа “нешто повеќе”.
ФОТО: Кристин Лагард
Но, Маурисио Макри веднаш по доаѓањето на должноста претседател посторно воспостави добри односи со Вашингтон и со Меѓународниот монетарен фонд, за кој поранешниот претседател дури и не сакаше да зборува. Веќе на почетокот на мандатот, тој подели околу 100.000 откази, зголемени цени за транспорт, комунални услуги, особено за електрична енергија и гас, и спроведуваше резови воа јавната потрошувачка каде и да стигне. Се разбира, дека ова на краток рок во бројки даде резултати во растот на БДП од 3,5%. Сепак, ова беше пат кон пропаст, како што беше банкрот на земјата во 2002 година.
Нестор Киршнер дојде на позицијата претседател во 2003 година, кој го презеде работите во свои раце и почна да ја следи политиката на суверенитет, враќајќи ги долговите и решавајќи за закрепнување на економијата на Аргентина. Сепак, тој почина во 2007 година, а на 30 октомври неговата сопруга, Кристина Киршнер, беше избрана за претседател, која во тоа време освои речиси 44 отсто од гласовите, а за противничкиот кандидат фласале само 22 отсто. Заедно со нејзиниот покоен сопруг и претходник Нестор Киршнер, таа е заслужна за враќањето на претседателската власт во земја која беше сериозно ослабена од економскиот колапс од 2001 година.
Ги приватизира приватните пензиски фондови, повторно ја национализираше водечката авиокомпанија во земјата ,и презеде без надокнада удел во државната нафтена компанија YPF од шпанската компанија Репсол, која тука инвестираше 10 милијарди долари. Таа успеала да ги врати долговите и повторно да направи голема економија од Аргентина. Таа, исто така, упорно продолжила со спорот околу малиот долг од лешинарските фондови на Вол Стрит, кој не се согласил на реструктуирањето на државниот долг од 2002 година. Поранешната претседателка изјави дека никогаш нема да ја плати бараната сума и долгот ќе биде на суд со векови, доколку е потребно.
Сепак, веднаш по преземањето на власта, Маурицио Макри се согласи со решението, за да може да позајми во странство, што му беше “голем успех”. Во меѓувреме, тој постојано следеше неолиберална политика, иако таа се покажа катастрофална низ целиот свет.
Владата на Макри не успеа да го одржи девизниот курс и да ја стави инфлацијата под контрола, иако каматните стапки се зголемија за три пати само оваа година. Потоа на помош го повика ММФ, исто како и неговите претходници во 1990-тите.
Меѓународниот монетарен фонд на Макри му ги “даде” многу потребни пари, но, исто така, го поврза девизниот курс на националната валута со доларот, поради што беше тешко да се вратат долг. ММФ обезбеди дополнителна поддршка за тешки мерки на штедење, а потоа едноставно ја напушти земјата. Аргентина брзо стекна долг од 135 милијарди долари со Макри, а курсот стрмоглаво постепено се спушташе.
Милиони аргентинци од средната класа ги загубија своите работни места. Пет години му требале на поранешниот претседател Нестор Киршнер и неговата сопруга, кои ја завршија последната фаза од работата, да ги отплатат долговите, по што се заколна дека повеќе нема да се позајмуваат.
Макри го направил начинот на кој научил или како бил присилен, тоа само ќе се утврди. Претседател кој ја сака технологијата и криптовалутите, поранешен претседател на клубот Бока Јуниорс, дојде на власт со ветувања дека од Аргентина ќе направи нормална земја, она што таа беше и можеше да остане, ама благодарение на поранешната претседателка.
Се разбира, тој веднаш се откажа од таканаречената “протекционистичка политика” на неговите претходници и ја понуди економијата на земјата на странските инвеститори. Како и секогаш во слични случаи, парите на инвеститорите дојдоа, големи суми за кратко време, а за една и пол година, аргентинската економија се зголеми за три отсто. Но, тоа беа бројки, бидејќи стандардот на населението падна, а цените се зголемија. Како заклучија од надвор дека реформите на Марси не оделе доволно брзо, порастот на каматите во Америка ги принуди инвеститорите да се одвратат од ризичните средства, а со тоа и обврзниците на аргентинската влада.
А сега Аргентина е таму каде што е, и да ве потсетам дека тоа беше земја која не беше толку одамна економска суперсила, не само во регионот или континентот, туку и во целиот свет. Сега тоа е обична колонија која владеат технократите на Меѓународниот монетарен фонд и го следи патот на Грција, освен ако не дојде до пресврт на следните избори, и останува нешто вредно од каде што Аргентинците повторно може да започнат од почеток, како после банкрот од 2002 година.
Извор:logicno











