Во организација на иницијативата „Стела“ и „Клуб Комбинати“, утре во Струга ќе се одржи дискусија посветена на родовата нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот.
Дискусијата ќе се одржи во Американското Катче во Струга, а главни говорнички ќе бидат Лидија Мојовска и Анита Латифи. Тие ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива










