Десетици илјади лица, вклучувајќи Евреи и Арапи, се собраа во израелскиот град Тел Авив, во знак на протест против контроверзниот “Закон за еврејска држава”.
Донесен минатиот месец, овој контроверзен закон официјално го воспостави еврејскиот карактер на Израел, а критичарите велат дека ги трансформира нееврејските државјани во државјани од втор ред и понатаму маргинализира околу 1,8 милиони Палестинци со израелско државјанство, како и други малцинства, пишува Ал Џезира.
Демонстрантите маршираа на улиците на Тел Авив во саботата навечер и побараа укинување на овој закон.
“Ова е неверојатно, за првпат ги гледам Евреите и Палестинците да се борат заедно за нешто. Ова е навистина голем момент за луѓето кои веруваат во демократија и еднаквост “, изјавил еден од демонстрантите, кој не сакаше да се претстави.
Еден од еврејските демонстрант се согласил со него и истакнал дека сите жители на Израел мора да бидат еднакви според законот. “Ние, многу Израелци, веруваме дека малцинствата мора да бидат еднакви со нас. Ова е еврејска држава, но луѓето што живеат тука имаат право на еднаквост во образованието, војската, универзитетите, парламентот, насекаде “, изјавил Дан Меир.
Оваа мерка, која минатиот месец беше форсирана од премиерот Бенјамин Нетанјаху, посочува дека правото на самоопределување е исклучиво еврејско. Законот наведува дека хебрејскиот јазик е официјален јазик на Израел, со што се намалува статусот на арапски јазик, кој претходно бил и официјален јазик. Во “Националното законодавство за земјата”, нелегалните населби на окупираните палестински територии се третираат како “национални вредности” што државата мора да ги охрабри.
“Ова е закон против нас, против арапскиот јазик, против мирот и нашата иднина во оваа земја. Ние сме жители на оваа земја “, истакнал демонстрантот Омар Султан.
Минатата недела членовите на малцинската група Друзи протестираа против законот. Друзи се луѓе кои зборуваат арапски и имаат посебни верски и културни традиции. Тие сочинуваат 2 отсто од 8,8 милиони жители на Израел и најчесто живеат во северните региони. Тие имаат посебен статус од 1950-тите кога биле регрутирани во армијата, за разлика од муслиманите и христијаните кои живеат во Израел.
Палестинците кои живеат во Израел се главно потомци на оние што останале во нивната земја уште од 1948 година кога била основана модерна држава Израел. Државата ја воспостави контролата над палестинската земја со етничко чистење откако стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Оние кои останале под законот имаат еднакви права, но се трајно дискриминирани.
Home Блиски Исток и Регион ТЕЛ АВИВ: Евреи и Арапи заедно на масовни протести против ’еврејска држава’









