(ВИДЕО) Туск: Отворен е патот кон ЕУ, останете посветени на реформите

0
398
Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади на ЕУ да ја потврдат одлуката, изјави денеска прес-конференција претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск со премиерот Зоран Заев.

Рече дека напредокот немало да биде успешен без силниот ангажман на македонската Влада кон зајакнување на демократијата и правната држава како и  постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија и Договорот со Грција за решавање на спорот со името, кои претставуваат пример за другите во регионот како да се решаваат проблемите.

„ За време на мојата посета на Скопје ја видов јасно изразената политичка волја да одите напред во евроатлантските интеграции, и не се сомневам дека со храброто водство на Заев ќе можете да го одржите чекорот со реформите  во клучните области кои се важни за иднината на вашата земја“ рече Туск.

Тој се заблагодари на македонските власти за напорите во миграциската криза во 2015 година.

Премиерот Заев, пак, истакна дека денеска во Брисел во срцето на Европа е потврдена големата вест Република Македонија да добие датум за преговори во јуни 2019.

– Нашата земја го заслужи тоа. Лидерите на ЕУ рекоа да, земјата го заслужува тоа. ЕУ прифати дека Македонија од заробена држава, киднапирана од режим за само една година направи пресврт. За само една година Република Македонија е земја позитивни промени, на инклузивност, политички дијалог, со политичка волја за решавање на проблемите со соседите и јасна визија за европската иднина рече на прес-конференцијата премиерот Заев.

Заев вели дека според досегашните искуства, процесот за завршување на сите поглавја  трае  седум или повеќе години.„ Ако ја прифатиме оваа динамика и  за Република Македонија произлегува дека  преговорите би завршиле со членство во 2025, токму како што предвидува Стратегијата за проширување од февруари оваа година. Сега ни преостанува да ја завршиме  последната домашна задача“ рече Заев.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=xxJzeORqjL8[/embedyt]

Извор:НоваТВ