Денес, Турција го презеде првиот авион на церемонија што се одржа во Форт Ворт, Тексас, во рамките на проектот Ф-35.
![]()
На церемонијата присуствуваа членовите на турската делегација и турските компании, како и претставници на американската компанија Локхид Мартин. Турција планира на овие авиони кои имаат високи перформанси по прашање ниска видливост,сензорска технологија и радарски да ја зголеми оперативната ефкасност на своите воздушни сили.
Првиот авион што ќе биде предаден на Република Турција ќе се користи за обука на пилоти во воздушната база “Луке“ во Аризона. Во следните денови, друг авион ќе биде доставен во Турција, а во март 2019, третиот и четвртиот.
Авионите ќе останат во САД се додека трае обуката на турски пилоти кои ќе управуваат авионите. Петтиот и шестиот авион ќе бидат испорачани директно во Турција по нивното производство во ноември 2019 година.
Првиот испорачан авион Ф-35 е првиот авион на петтата генерација борбени авиони во рамките на турските сили. Турција во програмата на борбените авиони Ф-35 учествува од 1999 година, каде што е активна уште од своето основање.
![]()
Официјалната Анкара планира да купи 100 од овие авиони, а досега се нарачани 30 авиони. Во 2014 година, Турција нарача приближно 100 како би ја заменила својата флота во која доминираат авиони од типот од Ф-4 и Ф-16.
Извор:faktor










