Бројот на загинати лица се зголеми на четири, а идентификуваниот број на исчезнати лица е 192, објавија индонезиските власти по тридневната операција за спасување и истрагата во потонувањето на патнички ферибот во Индонезија. Парничкиот ферибод потона во понеделникот во езерото Тоба, недалеку од градот Маден во северниот дел на Суматра , а првично беше објавено дека едно лице загина и 49 лица се водат за исчезнати.
Шефот на Граѓанската одбрана (Басарнас), Мухамед Сјауги, утринава изјави дека спасувачките екипи од езерото ги извадија телата на четвори мртви лица и дека 18 лица биле спасени.
“После истрагата и разговорите со сведоците за несреќата и семејства на патниците на ферибодот, откриле дека во бродоломот исчезнале 192 лица”, изјавил Мухамед.
Индонезиското Министерство за транспорт соопшти дека операцијата за спасување ќе трае уште уште три дена и дека повеќе од 400 спасувачки екипи ќе учествуваат во неа, се префрла на ТРТ.
Полицијата се сомнева дека тонењето на бродот настанало поради лошите временски услови и прекумерниот број патници, а причината за несреќата е предмет на тековна истрага.
Извор:(Vijesti/ ФЕНА)









