Бројот на повредени Палестинци за време на интервенцијата на израелските војници на протестите на границата во Газа во петокот се зголеми на 109.
Министерството за здравство на Палестина потврди дека израелските војници употребиле воена муниција и солзавец против демонстрантите на истокот на Газа.
Во соопштението се вели дека бројот на повредени Палестинци се зголеми на 109.![]()
Илјадници Палестинци се собраа во петокот на границата со Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.
Израелските безбедносни сили користејќи сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и во вторникот . Досега над 110 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 се повредени.![]()
Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовниот прогон на овој народ.
Извор:Faktor/ Анадолија









