Групата за обезбедување на Обединетите нации била цел на нападво Дума, додека извршувала истрага за меѓународни инспектори во врска со нападот со хемиско оружје, објави Ројтерс.
Официјалните лица изјавија дека повеќе не се сигурни кога инспекторите повторно ќе дојдат на местото на истрагата. Инспекторите на Меѓународната организација за борба против употребата на хемиското оружје од саботата се наоѓаат во Сирија, но само дури вчера влегоа во Дума, каде што десетици цивили беа убиени во напад на сарин и хлор. Силите на ОН одлучија пред иснпекторите да посетат две локации.
– На една од нив, по доаѓањето се собрале голем број на луѓе додека на другата локација било пукано на нив, а активиран бил и експлозив – изјавија представници на ОН.
Спасувачките екипи денеска им покажале на инспектори каде се закопани жртви на хемиски напад. Сириските власти негираат дека некогаш дошол до него.
Извор:faktor










