Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Франција дека им помага на терористите и порачал дека Западот ќе тони се додека ги храни терористите.
Ердоган претстојувал во западниот турски град, Денизлиј, и во обраќање на конгресот на Партијата на правдата и развојот (АК партија) зборувал за тековните настани. Фокусот на Ердоган бил насочен кон борбата против тероризмот.
– Според најновите информации што ги добив, во Африн беа неутрализирани 4.000 терористи. Тука не ги вклучувам неутрализираните терористи на северот на Ирак. Ако ги додадеме, бројката е до 4.200 – рекол Ердоган.
Турскиот претседател, исто така, изнел и критики на сметка на Франција.
– Франција, ти им помагаш на терористите, ги поддржуваш, а потоа ги угостуваш во палатата на Елисеј. Затоа никогаш нема да можете да положете сметки, ниту пак ќе успеете да го решите злото какво што е тероризмот. Гледате што прават терористите во Германија? Истото ќе се случи и во Франција. Сè додека ги храни терористите, Запад ќе тони, истакнал Ердоган.
Тој, исто така, се осврнал и на борбата против терористичката организација ФЕТО.
“Пронајдовме околу 80 милитантни на ФЕТО во различни земји, ги спакувавме и депортиравме во Турција. Ќе продолжиме. Каде и да бегаат,или кријат ние ќе им бидеме зад петиците. Тие ќе бегаат, ние ќе ги фатиме. Без разлика дали станува збор за ПКК или ФЕТО. Ние сме решени во нашите намери, и ние ќе успееме да ја завршиме оваа работа “, заклучил Ердоган.
Извор:faktor










