Според Гардијан, источна Гута, на периферијата на Дамаск, ” токму како и енклавата на босанските муслимани во 1995 година, опкружена е од силите на режимот уште од самиот почеток на војната во Сирија”.

Исто како и во Сребреница, храната, хуманитарната и медицинската помош се прекинати. Во 1993 година, Обединетите нации ја прогласија Сребреница за “заштитена зона”. Минатата година, како дел од мировниот процес во Москва, Русите ја прогласија источна Гута за ” зона на де-ескалација”. Ама нема успех.
Како и во БиХ, никој не се обиде да го заштити цивилното население, кога во декември, по престанокот на преговорите, започна офанзивата на силите на режимот. Воздушните напади и бомбардирањето спроведени од страна на сириските сили поддржани од страна на руските приврзаници земаат страотен данок и поминуваат неказнети.

Неодамнешните барања на Обединетите нации упатени до коалиција која го подржува Асад, која ја вклучува и иранската милиција, за хуманитарен прекин на огнот беа игнорирани. Барањата на хуманитарните агенции исто така останаа без одговор. (…)

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Pj-oH_TSk8s[/embedyt]

Во последните 36 часа во оваа област биле убиени повеќе од 100 луѓе, над 500 биле повредени, а пет болници биле бомбардирани. Во Сребреница, околу 8.000 муслимански мажи и момчиња беа масакрирани за неколку дена. Помеѓу 25.000 и 30.000 Бошњаци, децата и старите лица беа подложени на присилна преселба и злоупотреба. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија подоцна пресуди дека овие кривични дела претставуваат геноцид.

Околу 8.000 мажи и момчиња беа убиени во Сребреница за неколку дена.

Во тоа време, светот застана и гледаше дека војската на босанските Срби ја окупира оваа област, и покрај присуството на холандски мировници. Меѓународната заедница добро знаеше што може да стори Младиќ и дека масакрот беше неизбежен. Тие гледаа на другата страна, вели авторот на овој текст.
Агонијата на источната Гуте, која веќе е позната како место на напади со хемиско оружје во 2013 година, е побавна, но игнорирана на сличен начин. Уште еднаш, цивили, вклучувајќи и голем број деца, се убиени. Уште еднаш, западните сили, со силите распоредени во земјата, одбиваат да интервенираат. Обединетите нации уште еднаш се беспомошни, а Советот за безбедност не може да дејствува поради ветото.

“Ова би можело да биде еден од најлошите напади во историјата на Сирија, дури и полошо од опсадата на Алепо … Систематските цели и убиствата на цивили претставуваат воено злосторство, а меѓународната заедница мора да дејствува за да го спречи тоа”, рекол Заидун ал-Зоаби од Независната унија организација за медицинска и хуманитарна помош.

Но, засега, претседателот на Сирија, Башар ал Асад – како Младиќ во 1995 година – се чини дека е недостапен за гласовите на разумот, како и за надворешниот притисок. Доказите што укажуваат на неговото учество во воените злосторства и злосторствата против човештвото се бројни. Досега не е поднесена тужба, и тој продолжува да останува неказнет.

Денес, во источната Гута, како Сребреница во 1995 година, се извршени злосторства што може да претставуваат геноцид. Во ноември, Младиќ конечно беше осуден за геноцид во Хаг. Беа потребни 22 години за тоа. Колку повеќе деца ќе умрат пред да дојде правдата во Сирија?

Извор:Faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here