Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање, со што се овозможи веднаш да се пензионираат повеќе од два милиони работници.
Претходно, старосната граница за пензионирање во Турција беше 58 години за жени и 60 години за мажи.
Не се знае колку ќе ја чини државата новиот систем, но Ердоган изјави дека 2,25 милиони луѓе можат веднаш да се пензионираат. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.
Во изминатите неколку години синдикатите протестираа за минималната старосна граница за пензионирање и бараат работниците да го завршат задолжителниот број на години стаж за да одат во пензија, пренесува Срна.
Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му помогне на Ердоган да постигне многу добри резултати на изборите закажани за јуни.
(Vijesti.ba / NN)



Во периодот од 2014 година, кога Киев распореди војници против бунтовничките републики во Донбас, по вооружениот пуч во главниот град на Украина, до почетокот на руската операција оваа година, според проценките на ОН, во регионот биле убиени околу 150 деца. .

