Поради ситуацијата во Сирија, односите меѓу САД и Турција значително се влошија, но сега тие би можеле да бидат значително уште полоши – имено, САД планираат нова голема акција со сириските курдски борци (кои го сочинуваат поголемиот дел од силите на СДФ), а тоа е формирање на нови “погранични сили” од околу 30.000 борци. Оваа нова сириска погранична сил, под администрација и координација на САД, ќе биде на турската граница, а Турција веднаш порача дека за неа таквото сценарио недозволиво и ќе се бори против тоа со сите расположиви средства.
Понатаму, од Анкара, го обвинуваат својот НАТО дека донеле еднострана, додека во исто време ја представуваат како заедничка, одлуката на коалицијата предводена од САД.
Но, не ја нарекуваат воената коалиција во Сирија без причина “коалиција предводена од САД”. Турција мораше да знае дека во истата не вреди подеднакво правото на глас, а одлуките на крај ги носи САД, како што во стварност и го прави.
Турското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека создавањето на такви сириски гранични сили – стационирани во курдските области од Ирак до Турција, како и во долината на Еуфрат – е “закана за националната безбедност на Турција”.
“Турција е одлучна во уништувањето на сите закани насочени кон неа, и ги има сите средства на располагање. Ги осудуваме САД заради истрајувањето на овој погрешен пристап”, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Всушност, зошто САД сеуште истрајуваат на уште поголема поддршка за сириските курдски сили знаејќи дека ова дополнително ќе ги поткопа односите со Анкара? Причината е едноставна – САД сакаат да ја задржат контролата над дел од Сирија, не сакаат сиот нивни ангажмана во крајност да биде “залуден” (т.е. без конкретни профити за нивните интереси).
За време на војната, САД сфати дека на одредени групации кои нинтензивно ги поддржуваа не можат да сметаат, бидејќи нивната лојалност е на друго место (еден дел во Турција, еден дел во Саудиска Арабија, еден дел во Катар). Со едноставна дедукција сватија дека знаење сириските курдски сили се единствената релевантна опција на која можат да сметаат долго време.
Се разбира, по тоа прашање постојат и одредени флуктуации на американската страна и тешко е да се каже дека целата администрација и воениот врв се обединети околу идејата за тоа што треба да се направи со Сирија и кого треба понатаму да се подржува. Претседателот Доналд Трамп по ова прашање ништо не коментира и изгледа како тој ниту да се прашува – бидејќи ова очигледно е поголемо од него.
На крајот од минатата година, од САД порачаа дека престануваат да испраќаат оружје за сириските курдски борци, нешто што Анкара го поздрави.Дали таа објавува всушност беше блеф, тестирање на турската реакција? Изгледа дека е така бидејќи САД очигледно има уште повеќе планови за сириските курдски борци.
Портпаролот на американската коалиција, полковник Томас Веале, во саботата го најави формирањето на сириските гранични сили. Тој тврди дека сириските курдски борци ќе сочинуваат околу половина од овие нови сили. Тоа е негово тврдење, но веројатно е дека Курдите ќе бидат мнозинство, исто како и во SDF (Сириските демократски сили), организација која е речиси целосно составена од курдски сили на ЈПГ и дека неколку малку арапски групации се стратешки вметнати за да се обидат за да го ублажат гневот на Ердоган.
Турски извори велат дека обуката веќе започна, организирана од ЦИА и Пентагон, на курдските сили наречени “Северна армија”. Додека пак од, САД порачуваат дека не го препознаваат тој термин и новата формација, наместо тоа ја нарекуваат сириски погранични сили.
Но, Веале не истакнал ништо за целта на оваа нова армија од 30.000 борци, освен тоа дека во голема мера ќе служат ветерани на Курдската единица, СДФ.
Имено, американското тврдење дека престануваата да ги вооружуваат курдите со оружје после поразот на ИСИЛ е разбирливо, но исто така и неубедливо. Сега доаѓа потврда дека САД немаат намера да се повлечат од Сирија, односно, згора на тоа планираат уште многу поголем ангажман.
Турција, која истакнува дека никој со неа не се консултирал по ова прашање, сега се чувствува изиграно – она што се случува е дека САД буквално им порачува: “Не грижете се, нема повеќе да ги вооружуваме СДФ, ама ќе ги вооружуваме Сириските погранични сили” (што е една иста работа).
Аналитичарот за одбрана, Иван Еланд, во интервју за рускиот РТ изјави дека сега Турција првенствено ќе се фокусира на елиминирање на оваа закана, а односите во НАТО алијансата ќе станат секундарни. Понатаму, Еланд смета дека е возможен директен конфликт меѓу турската и американската војска. “Турција може да се соочи со уште поголеми тензии со САД отколку досега, а нивните сили би можеле да бидат во директен конфликт со сили кои ги спонзорира САД, па дури и со самите американски сили“ рекол тој.
Се разбира, такво сценарио е сосема можно, ама доколку дојде до него, најверојатно ќе биде премолчено од двете страни, бидејќи последното нешто што сега му треба на Пактот на НАТО е јавно познавање на директен конфликт меѓу нивните две најголеми армии.
Најавата за голем ангажман на САД дојде кратко време откако турскиот претседател Ердоган се закани дека ќе ги “скрши” курдските сили во кантонот Африн, во близина на провинцијата Идлиб, каде што веќе се наоѓа турската армија. Од оваа перспектива, на оваа американска најава може да се смета за своевидно предупредување за Турција – дека доколку тргнат на Курдите, тогаш мора да знаат кој стои зад тие Курди.
Дали Турција има храброст да влезе во конфликт со САД, било директно или преку посредник? Можеби ќе дознаеме наскоро. Или тие ќе мора да ја прифатат силната курдска војска на својата граница, што е многу тешко (ама не и невозможно), или ќе се впуштат на голем ризик.
Што мисли Русија за сето ова? Само ја посматра ситуацијата. Можеби Москва би сакала да завојуваат Турција и САД, но ако тоа се случи, Русија ќе се држи настрана.
Кога еднаш и официјално ќе заврши војната во Сирија, тогаш мапата на таа земја ќе биде детално испитана и каде чија војска стои. Таму каде што има нечија армија, таму е и нечија одредена точка на долгорочно влијание. САД знаат дека сириската војна ќе заврши и нема да дозволи да бидатистерани од тој простор.
Што сака САД во иднина со ова влијание? Сè, може да го контролира транзитот на енергија од Блискиот Исток кон Европа, а може доколку и затреба, да и` се закани на Турција со Курдите, бидејќи тие веќе веќе ионака скептично ја набљудуваат зголемената наклонетост на Турција кон Истокот наместо кон Западот.
Приказната за повлекување на САД од Блискиот Исток е само приказна. Доволно е да се види до која мера одат во Сирија, со цел да стават дополнителна територија во нивната зона на влијание. На крајот, се чини дека сите релевантни актери – Турција, Русија, Сирија и Иран – ќе можат само да го гледаат растечкото американско зајакнување во северот на Сирија
Да се исфрли САД од “сириската игра” би можеле само во случај доколку дејствуваат заедно, но тоа нема да се случи. Ердоган сé уште е премногу зафатен со нарекувањето на сирискиот претседател “касап на сопствениот народ”, додека во исто време на границата му се гради армија, што може,која во не толку далечна иднина, би можела да откине значителен дел од неговата земја.
Извор:Advance










