Новоизбраната влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху во 2009 година наследи преговарачки застој околу гасните резерви во Газа како и енергетска криза која се заострила кога Арапската пролет во Египет за 40% го прекина снабдувањето со гас. Растечките цени на енергентите кои уследиле придонесле за големи протести во задните десетина години кои ги вклучувале евреите во Израел.
Меѓутоа, како што беше случај и во минатото, владата на Нетанјах наследи потенцијално трајно решение на проблемот; огромно поле на природен гас откриено во подморјето на источниот Медитеран. Израелските власти веднаш изјавија дека најголем дел од новонастанатите резерви на гас се наоѓаат на израелска територија притоа игнорирајќи ги спротивните тврдења на Либан, Сирија, Кипар и Палестинците.
Дека меѓународните односи на споменатите држави се добри, ова неизмерно големо гасно поле би можело ефикасно да се искористи заедно од сите пет страни.
Во трите години кои уследија по откривањето на гасот, конфликтот изгледал се повеќе и повеќе е можен. На почетокот на 2011 година израелската влада најавила дека ќе започне со експлоатација на две полиња кои лежат во спорните води во близина на израелско-либанската граница кои и претставуваат 10% од вкупниот износ на гас.
Либанскиот министер за енергетика, Гебран Басил, веднаш се закани со воен конфликт, тврдејќи дека неговата земја нема “да дозволи Израел или било која компанија која работи за израелски интереси да црпи гас што спаѓа во нашата зона”. Хезболах, најмоќната политичка фракција во Либан, се закани со ракетни напади ако “само еден метар” од природениот гас биде изваден од спорните територии.
Израелскиот министер за ресурси го прифати предизвикот, тврдејќи дека сите контроверзни области се наоѓаат во израелските економски води, притоа и изјавувајќи дека Израел нема да се двоуми да ги користи воените сили за да ги заштити не само владеењето на правото, туку и меѓународниот поморски закон “.
Пјер Терцијан, новинар кој ги следи настаните во нафтената индустрија, на следен начин ја коментираше реалноста на конфликтот:
“Во практична смисла, никој нема да инвестира во либанскиот енергетски сектор во спорните води, не постојат либански компании способни за експлоатација на природен гас, а покрај тоа земјата не располага воена сила која би можела да ги заштити. Меѓутоа, Израел има капацитет и технологија за експлоатација на гас и е подготвен да прифати таков ризичен проект под заштита на израелската армија “.
Се разбира, Израел продолжи да истражува и дупчи две контроверзни полиња, поставувајќи беспилотни летала да ги заштитат своите инсталации. Во меѓувреме, владата на Нетанјаху вложила големи ресурси во подготовките за идните воени конфликти на тоа подрачје. Како прво, со силно финансирање од страна на САД, Израел разви систем за противракетна одбрана “Железна купола”, кој беше делумно дизајниран да ги пресретне ракетите на Хезболах и Хамас насочени кон израелските енергетски инсталации. Исто така, ја зајакна и својата морнарица, фокусирајќи се на нејзината способност да ги спречи нападите врз енергетските објекти на море. Конечно, почнувајќи од 2011 година, израелската влада започна воздушни напади во Сирија за да го спречи, барем официјално, пренесувањето на напредните ракетни системи на Хезболах.
Сепак, Хезболах продолжи да создава залихи способни за гаѓање на израелските објекти, а во 2013 година Либан го направи својот потег. Тој започна преговори со Русија, а целта била руските енергетски компании да ги експлоатираат либанските резерви нагас, под заштита на руската морнарица.
До почетокот на 2015 година, Израел започна со експлоатација на едно од двете гасни подрачја, но во второто подрачје работите беа прекинати од безбедносни причини. Американскиот енергетски гигант “Noble Energy“, ангажиран од страна на Израелците, не сакал да ги инвестира потребните 6 милијарди долари потребни во објекти кои би биле изложени на нападите од страна на Хезболах и потенцијално руската морнарица. На страната на Либан, и покрај зголеменото руско поморско во регионот, не започнаа никакви работи.
Во меѓувреме, во Сирија, која се наоѓаше во полн ек на војната, дојде до друг вид на застој. Режимот на Башара ал Асад, кој се соочуваше со заканата од различни џихадистички групи, преживеа делумно поради воената поддршка од страна на Русија во замена за 25-годишен договор за експлоатација на гас во сириските територијални води. Договорот предвидувал големо проширување на руската поморска база во пристанишниот град Тартус, обезбедувајќи далеку поголемо руско морско присуство во Левантинското Море.
Додека присуството на Русија очигледно ја попречи владата во Ерусалим од обид да ги преземе сириските резерви на гас во морето, Израел потпиша договор со американската компанија Genie Energy Corporation како би лоцирале и развиле нафтени полиња на Голанската висорамнина, сириска територија окупирана од Израелците од 1967 година. Соочувајќи се со потенцијално кршење на меѓународното право, владата на Нетанјаху се повика на одлука на израелскиот суд кој пресуди дека  експлоатацијата на природните ресурси на окупираните територии е легално. Истовремено, со цел да се подготви за неизбежна битка со која било фракција што ќе произлезе од сириската граѓанска војна, Израел започна да го зајакнува израелското воено присуство на Голанската висоравнина.
Исто така, и Кипар, влезе во игра, единствената земја во регионот која имала право на дел од резервите на гас, а која не била во војна со Израел. Кипарските Грци веќе долго време се во хроничен судир со кипарските Турци, па затоа не било изненадувачки што откривањето на природен гас предизвика тригодишен застој на преговори за островот за тоа што треба да се стори. Во 2014 година кипарските Грци потпишаа договор за истражување со Noble Energy, енергетски изведувач ангажиран од Израел. Од друга страна, кипарските Турци потпишаа договор со Турција за да ги истражат тврдењата на Кипар “се до египетските води”. Исто како и Израел и Русија, турската влада веднаш испрати три воени бродови во областа за физички да ја блокира секоја интервенција од други земји во регионот.
Како резултат на тоа, четири годишното маневрирање околу новооткриените наоѓалишта во Левантското Море произведоа малку енергетски ресурси, ама доведоа до меѓународни конфликти, предизвикаа значително воено присуство во регионот и бескрајно ги зголемија тензиите.
Што се однесува до израелскиот анти-ракетен систем, познат како “железната купола“, тестиран во текот на операцијата “Returning Echo”, која представувала четврт израелски обид да го порази Хамас и исто така да се одстрани, меѓу другото, било каква палестинска “способност од бомбардирање на стратешки инсталации за гас и електриците во Израел “.
Започната во март 2012 година, операцијата во помала мера ја реплицираше девастацијата на операцијата “Cast Lead“, додека железната купола пак постигнала 90% успех против ракетите на “Хамас”. Иако е многу ефикасен,сепак противракетниот штит не бил доволен за да се обезбеди заштита на нафтените објекти на земјата. Имено, само еден директен погодок може да ги оштети или уништи кревките и онака лесно запаливи енергетски инсталации.
Неуспехот на операцијата “Returning Echo ” да ги постигне своите цели предизвика уште еден круг преговори во кои повторно Палестинците го отфрлија израелското барање за контрола на сите енергетици и приходи наменети за Газа и Западниот брег. Палестинската власт потоа одлучи да го следи примерот на Либан, Сирија и кипарски Турци и потпиша “концесија за истражување” со рускиот енергетски гигант “Гаспром” кон крајот на 2013 година. Како и во Либан и Сирија, руската морнарица претставуваше потенцијална заштита од израелската интерференција.
Во меѓувреме, во 2013 година, нови бранови на загуби на енергија предизвикаа нарушувањата ширум Израел, што доведе до драстичен пораст на цените на електричната енергија за 47%. Како одговор на тоа, владата на Нетанјаху ја разгледа можноста за експлоатација на домашниот гас од шкрилци, меѓутоа потенцијалното загадувањето на водата предизвикало противење од страна на јавноста. Во земја која има исклучително силен високотехнолошки сектор, експлоатацијата на обновливите извори на енергија сè уште не и се посветувало големо внимание. Наместо тоа, владата повторно се сврте кон Газа.
Со подготвеноста на Газпром да започне со развојот на палестинските гасни резерви во Медитеранот, според некои израелски аналитичари ја иницираа петтата воена офанзива, операцијата Protective Edge, за да ги принудат Палестинците да соработуваат. Истата имала две главни цели поврзани со енергијата: да ги спречат палестинските и руските планови и конечно да ги неутрализираат ракетните способности на Хамас во Газа. Првата цел беше очигледно исполнета кога Гаспром го одложи (можеби, трајно) својот договор за развој. Сепак, другиот не успеа и покрај досега невиденото разрушување на Газа, да ги уништи ракетните резерви на Хамас или нивниот подземен тунелски систем, а Железната Купола, и покрај големиот успех, не успеа да постигне речиси совршена ефикасност за пресретнување на ракетите потребни за заштита на предложените енергетски инсталации.
Заклучок
После 25 години и пет неуспешни израелски воени операции, природниот гас на Газа сѐ уште е под вода, и ова може да се каже за скоро сиот гас во Левантското Море. Сепак, работите не се исти. Во енергетска смисла, Израел се повеќе изгледа очајнички, иако во голема мера ја зајакна својата војска и морнарица. Другите земји во регионот кои имаат право на експлоатација на гас пронајдоа поголеми и помоќни партнери, како што се Русија и Турција, кои би им помогнале да ги зајакнат нивните економски и воени потреби. Сето ова несомнено значи дека првите 25 години од кризата со природен гас во Источниот Медитеран беше само почеток. Заради тоа, може да се очекува дека оваа енергија ќе биде во иднина предмет на потенцијален меѓународен конфликт со непредвидливи последици.
Извори: Advance,The Independent, BBC, Washtington Institute, Natural Gas in Eastern Mediterranean and Gaza waters

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here