
Рускиот претседател Владимир Путин ненадејно на почетокот на месецот отпатува кај иранскиот ајатолах Али Хамнеи, на трилатералниот самит на Русија, Иран и Азербејџан на почетокот од месецот. Сепак, на многумина не им било јасно зошто. Официјалната агенда најави разговори за Сирија, иранскиот нуклеарен договор, статусот на Каспиското Море, борбата против тероризмот, меѓутоа опозицискиот неделник од Москва “New Times”, ги открива вистинските причини.
Како што изјавил за овој неделник неименуван руски официјален претставник лидерите се согласиле да ја завршат изградбата на железничката пруга од Астара во Азербејџан до Рашта во Иран. Оваа гранка е дел од транспортниот коридор север-југ, кој е дизајниран за поврзување на Северна Европа со Југоисточна Азија (Индија-Персискиот Залив-Иран-Азербејџан-Русија-понатаму кон Скандинавија), а во исто време ги обединува транспортните патишта на Азербејџан, Иран и Русија.
Договорот за изградбата првично го потпишале Русија, Иран и Индија во 2000 година, а во 2005 година се приклучи и Азербејџан.
Како пишува рускиот неделник, кога слушнале во Москва дека “јужниот проект” е завршен и дека ништо не се зборува за “северниот”, Путин го повикал Алијев и го прашал во што е проблемот, на што одговорил дека Баку нема никакви проблеми, дека работата ја задржува Иран, бидејќи сите средства одат за војна во Сирија. Иницијативата за итен состанок во Техеран му припаѓа токму на Алијев.
Проектот Север-Југ имаше две рути, “северна” низ Русија и “јужна” низ Грузија и Турција. Азербејџанскиот претседател Алијев и поранешниот грузиски лидер Михаил Сакашвили во тоа време се согласија околу приоритетите на “јужниот проект” во 2004 година во Тбилиси, а во 2007 година започна изградбата на патот.
“Јужниот проект” беше завршен до 31 октомври 2017 година, кога представниците на Азербејџан, Турција и Грузија отворија дел од 846 километри Баку-Тбилиси-Карс, кој веќе се нарекува “Кавказски суетски канал”. Тој ќе превезува стока од Кина во Европската унија за 12 до 15 дена, наместо 40 до 45.
Железничката линија Баку-Тбилиси-Карс има капацитет да транспортира еден милион патници и пет милиони тони товар годишно, според агенцијата Ројтерс.
Три земји (Азербејџан, Грузија, Турција) го поврзуваат нафтоводот Баку-Тбилиси-Чејхан и гасоводот Баку-Тбилиси-Ерзурум, меѓутоа трговските врски помеѓу Турција и регионот на Кавказот биле ограничени.
“Баку-Тбилиси-Карс е дел од големиот Пат на свилата, и важно е тоа што овој проект го реализиравме со сопствени средства“,изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на церемонијата на отворање на железничката пруга, на која присуствуваа и азербејскиот претседател Илхам Алијев и премиерот на Грузија, Ѓиорѓи Квирикашвили.
Почнувајќи од Баку, главниот град на Азербејџан, возовите на патот ќе застануваат во грузискиот главен град Тбилиси, а потоа во грузискиот град Ахалкалакија, и преминат брзата пруга и ќе го завршат своето патување до турскиот град Карс.
Вкупните трошоци на проектот се зголемија на повеќе од една милијарда долари во споредба со првичната проценка од близу 400 милиони долари.
“Неколку европски земји изразиле интерес за овој проект и Азербејџан е во разговори со нив”, изјавил Алиев, додавајќи дека Казахстан и другите централноазиски земји се заинтересирани за превоз на стока по железница Баку-Тбилиси-Карс.
Новата пруга ќе го скрати времето на превоз на патници и стоки меѓу Кина и Европа за само 12 до 15 дена, што е повеќе од двојно побрзо од поморската маршрута и малку помалку од половина поевтино од цената на воздушниот транспорт.
Но, реалните ефекти од проектот ќе следат по изградбата на северниот дел (Индија-Персискиот Залив – Иран-Азербејџан-Русија), заради кој Путин отпатувал за Техеран.









