Неколкуте последни години наназад Боливарската Република Венецуела постајано се наоѓа во центарот на западната медиумска јавност благодарение на силната политичка и економска криза која ја погодила. Меинштрејм медиумите за кризата исклучиво го обвинуваат алетрнативниот социоекономски модел на Венецуела “ Социјализам на 21.век“ кој го втемелил легендарниот Хуго Чавез, а продолжил да го води сегашниот претседател Николас Мадуро. Реалноста, се разбира многу е сложена.

Благодарение на некои погрешки на левичаската власт во раководењето со стопанството, ниските цени на нафта на светските берзи, ама и опструкциите на десничарската опизиција во земјата и надворешните фактори, навистина Венецуела се наоѓа во тешка ситуација, па земјата е на работ на војна. Политичарите и медиумите на Западот се насладуваат со проблемите на Венецуела и во стварност рекламираат дека либералниот капитализам нема алтернатива. Меѓутоа Боливарската револуција направи и продолжува да прави силни исчекори кон подобар и квалитетен живот за своите граѓани. И покрај лагите и сите тие проблеми, претседателот Мадуро се покажа како државник кој не се откажач од револуцијата, туку напротив ја унапреди иако многумина мислеле дека одамна ќе биде сменет.

Од својот прв ден во канцеларијата откако го наследил својот легендарен претходник Чавез во пролетта 2013, Мадуро приоритет им дал на подобрувањето на јавниот здравствен систем на венецуела. Според податоците на Министерството за здравство во текот на последните четири години, државата проширила безплатни здравствени услуги кои сега се достапни за повеќе од 60% од населението. Мадуро исто така достапни ги направил и бесплатните медицински услуги на жителите во сиромашните и оддалечени региони, како што се Амазонас,Боливар и Делта Амакуро. Од јануари ова година, владата изфала декрет според кој се зголемува платата на лекарите, вработените во јавниот здравствен сектор за повеќе од 50%. Зголемувањето на п0латата послужило како подтик на секој лека да пружи што подобри третмани на своите пациенти.

Резултатите од вложувањата во здравството не се несомнителни. Претходно во текот на 2017 година, програма за развој ја смести Венецуела меѓу државите со најголем индекс на човечки напрдок кој е поголем од повеќе земји на Латинска Америка. Од 2013 година Венецуела ги намалила стапките на смртност на доенчињата, срцевите болесници и заболени од ХИВ/АИДС.Бројот на болници пораснал за 3-5 пати од ова година. Вложувањето во бесплатниот систем здравствено се зголемил за 10 пати во истиот период. 30.000 нови лекари ќе дипломираат ова година. Иако е планирано да бројката  изнесува шест  па дури и осум сојузни држави за 100% се покриени со мисијата Баррио Адентро чија цел е испорака на бесплатна медицинска грижа на најзагрозените слоеви на населението.

Стамбеното згрижување едно е од клучните цели на владејачката админситрација. На почетокот на годината Мадуро открил дека деговата влада ја постигнала својата цел за изградба на 1.4000.000 домови за жителите на Венецуела ширум земјата. Во последните месеци изградени се илјадници нови домови, особено во зафрлените подрачја. Програмата за стамбено згрижување ослободен е од плаќање или во прашање се симболични накнади, зависно од економската состојба на семејството. Цел на проекто е да вклучи што е повеќе можно жители, а сопствениците на домовите одговорни се за 60% од градското планирање. Кон крајот на минатата година, Мадуро го објавил планот да го интернационализра програмот за јавно станување создавајќи домови за жртвите на ураганот на Куба и Хаити. програмата е во тек. Венецуела моментално има друга најниска стапка на бездомништво во Латинска Америка, т.е. само 6.8% од жителите немаат свој дом.

Системот на јавното образование значително е унапредено за време на Мадуро кој уште од осумдесетите години го подржувал венецуелаското студентско движење против неолиберализмот. Мадуро дополнително го унапреди Канаима проекто кој во 2009 година го покренал Чавез, а неговата цел била набавка на компјутери и компјутерска опрема за децата како би се зголемила информатичката писменост . Социјалистичката влада испорачала повеќе од 4.800.000 компјутери и повече од 100 милиони учебници ширум Венецуела. И покрај еконбомските проблеми во последните три години, повеќе од 20.000 училишта добиле нова компјутерска опрема. Освен тоа владата на Мадуро вложила милиони во бесплатен превоз за учениците и студентите, бесплатни музички, уметнички,културни и спортски програми во школите ширум Венецуела. Прогресивните образовни политики на владата, Венецуела ја сместиле на шесто место на светот во смисла запишување и посетување на основно училиште и го зголемило посетувањето на  средните училишта на 73% од населението. Според изцештаите на ОН, политиките на Мадуро Венецуела ја направиле земја со најголема стапка на писменост во Латинска Америка, 95-4% од жителите знаат да читаат и пишуваат.

Мадуро направил огромен напредок во подобрувањето на човековите права во Венецуела. Човековите права конечно ги уживаат сё повеќе припадници на традиционалните закинати и занемарливи делови на венецуелското општество: жените, црнечката и домородската популација ама и ЛГБТ заедница. Од 2013 година Мадуро го зголемил буџетот на Министерството за жени и еднаквоста на половите кои обезбедуваат услуги како што се грижа за децата, медицинска грижа, политичка едукација. Во 2014 година претседателот Мадуро поставил политичарка и активна членка на венецуелското феминистичко движење, Делси Родригез, да го води министерството за надворешни работи. Заедно со унапредени припадници на афро и домородската популација на важни политички положби, Мадуро исто така креирал нови установи слични како Центарот за афричка наука и Министерството за народна власт .

Згора на тоа, администрацијата на Мадуро ги подобрила правата на ЛГБТ заедницата. 2016 година Венецуелскиот врховен суд објавил дека државата ќе обезбеди заштита без исклучоци за сите семејства, вклучувајќи ги и децата родени во истополни семејства. Истата година, Јавното министерство објавило  дека трансродните особи ќе можат да бараат нови лични карти складно својот сполен идентите. Иако во иднина има уште многу тоа да се направи за подобрување на правата на ЛГБТ заедницата, жените,малцинствата и етиничките заедници. Владата на Мадуро навистина направила значителни придвижувања кои не можат да се негираат.

Заедно со проблемите кои ја напаѓаат Боливарската револуција во последните неколку години, Венецуела во пролетта 2016 година беше погодена од страотна суша најголема после онаа од 1950 година, која ја предизвика Ел Нињо. Во Венецуела 70% од електричната енргија се добива од хидроелектраните. Кога количината на дождот се намалила, висината на нивото на браната Гури Дам се намалило за речиси до минимум. Десничарската опозиција настојувала да ја искористи природната непогода и пририсне народот да протестира што скоро се случило заради недостатокот на вода. Ама Мадуро покажал дека е ефикасен претседател тогаш кога е најпотребно. Издал наредба да милион сијалици треба да се заменат со сијалици кои штедат струја, старите клима уреди со нови кои штедат енергија, на државната администрација и е наредено да работи на половина работно време и претседателот издал посебен план за заштеда на струја и вода. Мадуро посебно е нјзаслуќен што Венецуела сепак успеал да избегне енергетски слом.

Уште еден успех на државните власти е одговорот на економската војна која ја предизвикал дека од бизнбисмените на венецуела со помош на надворешни фактори, а предизвика недостаток на производи за широка потрошувачка. Политичките и економски елити на стариот режим, веднаш штом Чавез дојде на власт 1999 година и започна Боливарската револуција, настојувале со економски блокади да ги спречат промените. Во 1999 година 65% о д населението на Венецуела било сиромашно, а 35% уживале висок квалитет на живот. Во превод тоа значело дека само 3 од 10 жители на Венецуела редовно конзумирале месо, пилешко, пченка, кафе,млеко и шекер. Меѓутоа социјалистичките власти сакале народот да биде нахранет па така и покрај лансирањето на концептот Социјализам на 21 век, потрошувачката на храна во последните 18 години пораснала за 80%. Со побарувачката растела и шпекулацијата. Црниот пазар се проширил. Владата поставила ограничени цени за некои клучни производи. Од тука многумина тоа го злоупотребија па продавале субвенционирани производи на црниот пазар и странство. Заради тоа Венецуела ги загубила своите резерви на долари. Мадуро решил да дејствува со цврста рака. Ја сменил филозофијата на социјалната држава, па наместо субвенции на производите има давал субвенции на особите на кои тоа им било потребно. Така загрозените добивале ефтини производи додека сите други плаќале по пазарни цени. На тој начин сменета е шпекулацијата и шверцувањето.

Исто така властите на Чавез го смениле и економскиот модел на Венецуела од “ изнајмувачки“ до “ продуктивен“ модел и дефинирале 15 сектори за оживување на стопанството во приватниот, јавниот и комуналниот сектор. Еден од таквите примери е создавање на Локални одбори за достава и производство. Системот функционира така што представници на организационите заедници доставуваат кеси полни со ефтина храна до секој дом. Голема победа на Мадуро е рекордно трошење на социјални додатоци кои изнесуваат дури 71.4% од буџетот. Тоа е светски рекорд. Ниту една друга држава во светот не троши толку на своите државјани. Во 2016 година процентот на пензионери кои добивале некој вид на пензија без оглед колку плаќаке допринос за време на работниот век изнесувал 90% што представува рекор во Јужна Америка.

Брилијантни победи остварени се и во геополитичката арена. На пример, Венецуела ја спречила Организацијата на американските држави (ОАС) во која доминира САД, јавно да ја осуди со повикување на демократски повелби. Есента минатата година на венецуелскиот остров Маргарита одржан е успешен 17.Самит на движењето на неврзаните. На самитот учествувале представници од дури 120 земји кои изразиле солидарност со Венецуела. Најголема победа на Мадуро во надворешната политика е досега невиден договор помеѓу државите чкенки на ОПЕК и државите кои не се членки да го координираат намалувањето на извозот на нафтата. Како би успеал во тоа Мадуро пропатувал низ голем број на држави. Историскиот договор кој е потпишан на ноември 2016 година веднаш го спречил падот на цената на  нафтата која паѓала од летото 2014 година.Во октомври 2016 година цената на бареч нафта изнесувал само 24 долари, во моментите после потпишувањето на договорот, таа скокнала на 45 долари. Во текот на својот мандат во Советото за безбедност при ОН 2015-2016, Венецуела се покажала како цврст заговорник на мултиполаризмот и равноправниот однос на големите сили во светот кој постојано се менува. Срдечните односи со Русија, Кина, Индија и другите држави на сите континенти представува доказ за тоа.

Многу луѓе во Колумбија, Јужна Америка и светот често пати соседите Колумбија и Венецуела ги споредуваат како примери за успех односно неуспех. Меѓутоа доколку детално се погледне сликата се доаѓа до заклучок дека Венецуела во многу тоа е подобра од Колумбија. Според податоците на УНЕСКО, 83% од младите посетуваат факултет додека во Колумбија 32% од младите се запишуваат на факултет. Венецуела со своите 30 милиони жители има 43 универзитети додека Колумбија со своиѕе 47 милиони жители има само 23. Додека Колумбија има 1.106,244 студенти на високо образование, Венецуела има 1.673.963 студенти на познатите универзитети. Бенецуела има една јавна болница на секои 136.000 жители, додека Колумбија на 178.000 жители. Според статистиката на ОН, односно организацијата за храна ФАО, Венецуела има помал број на потхранети и гладни луѓе отколку Колумбија. Во Венецуела таа бројка изнесува 5% потхранети додека во Колумбија таа бројка изнесува дури 15%. Светската програма ФАО за борба против гладта и сиромаштијата наречен е Hugo Chavez Frias. Уделот на граѓаните кои немаат пристап на питка вода во Венецуела изнесува 5.3% додека во Колумбија дури 28%. Во Колумбија само 20% земаат цела пензија додека во Венецуела таа бројка изнесува 73%.  Иако Венецуела и Каракас се познати по криминал, пет колумбиски градови спаѓаат во 100 градови со најголема стапка на убиства на светот/ Владата на Сантос (Колумбија) во пет години изградила 100 илјади бесплатни домови, додека Венецуела околу милион и пол, а тоа зборува сё.

Во тешки моменти на предизвици, нестабилност и длабока економско-политичка криза Николас Мадуро се покажал како државник и претседател кој иако е склон кон прагматизмот, не се откажува од наќелата на Боливарската револуција. Венецуела е силни поделено општество и страда од недостаток на стока за широка потрошувачка. драстичниот пад на БДП-то, како и насилните повеќегодишни протести, ама и понатаму успева да постигне социоекономски пробитки кои граѓаните во други земји можат само да ги сонуваат. Тие успеси не ја симнуваат одговорноста на чавистичката власт за други големи пропусти н неснаоѓање, ама покажува дека алтернативниот и социоекономски модел ите како можни.

Извори:  www.telesurtv.net | venezuelanalysis.com | www.reuters.com |

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here