Во претходна анализа зборувавме за економската шок терапија која е изведена врз Русија во 90-те, и заради тоа од тука не дојде до очекуваното приблиќување на Русија и Западот туку до појава на Путин, а можеби сега и до нова Студена војна.
Како што и претходно истакнавме, не требало да биде така, ама е – трауматичното искуство за Русија беше преголемо за подоцна после излегувањето од кризата во 90-те, која вклучувала и банкрот на земјата 1998, била идеален кандидат за европски интеграции, најмногу заради фактот дека доктрината на шок терапијата увезена од Запад.
Сепак идејата за придружување на Русија кон остатокот на Европа, па дури и во облик на нејзино членство во Европската унија, никогаш не замрзнала, па ниту во овие денови кога односите се и на најниско ниво, а неколку европски земји дури и активно се подготвуваат на одбрана од можен воен судир со Русија,
Не така неодамна, 2010 година, на конференција во Германија, Владимир Путин, тогаш во улога на руски премиер, изјавил дека е уверен дека Русија еден ден ќе и` се приклучи на Европската унија.
“Да, знаеме дека моментално постојат проблеми во Поругал, Грција и Ирска, и дека еврото малку е нестабилно, меѓутоа опшпто гледано, тое е добра и силна валута и треба да го заземе своето место како резервна валута“, изјавил Путин зборувајќи за тогашната криза на европската валута. Запрашан од страна на новинарите дали Русија ја гледа во иднина во рамките на еврозоната, Путин рекол: “Може ли да се претпостави дека Русија еден ден ќе биде во внатрешноста на заедничката валутна зона со остатокот од Европа? Да, секако“.
Тоа е кажано дури тогаш – кога многумина нагаѓаа дека еврото нема да преживее ниту до крајот на годината. Меѓутоа, Путин изгледа бил во право тврдејќи дека еврото ќе се извлече од кризата. Меѓутоа што е со неговата друга изјава, дека Русија ќе постане дел од еврозоната еден ден?
На истата конференција во Берлин 2010 година, главниот директр на германската централна банка,Josef Ackermann, потврдил дека се сложува со Путин и дека и тој очекува дека Русија да и` се приклучи на европската валута.
Меѓутоа, Путин и тогаш сваќа дека доколку Русија би влегла во задничка валутна зона, а можеби и во ЕУ, дека од неа ќе се бараат одстапки особено во енергетскиот сектор. Европа пак го зајакнува притисокот и бара поголема транспарентност кога станува збор за работењето до Газпром, рускиот енергетски гигант. На тие притисоци Путин во Берлин порачал:“ Обично од нашите партнери од Европа и Северна Америка слушаме: ’ Ако сакате да бидете член од глобалното семејство на цивилизираните нации, морате цивилизирано да се однесувате’, Какви се тие приказни? Дали нашите колеги ги заборавија основните принципи?“.
Во стварност од овие неколку изјави кои сега веќе се 7 години стари се ткрива многу од тоа во односите помеѓу Русија и Европа. Русија нема ништо против евентуалното приклучување кон Европската унија, па дури и во еврозоната, меѓутоа притоа сака да ги сочува своите национални интереси, особено оние кои се клучни за нејзината економија, а во прв ред тоа е енергетиката.
Се разбира, денес таквото сценарио изгледа, заради сё што се случило, подалеку отколку што изгледало во 2010, ама вреди да се истакне дека Путин не е препрека, како што тоа често се тврди. Згора на тоа, во првите години кога ја презеде Русија, значи на почетокот на 21.век, Путин, не само тоа што имал позитивни ставови околу потенцијалното приклучување на Русија кон Европската Унија, туку и кон НАТО сојузот, односно таканаречените евро-атлантски интерграции.
Се разбира, членството во ЕУ и НАТО тогаш изгледало како идеална добитна комбинација, речиси за сите земји во Европа.
Меѓутоа, да разговараме за хипотетските ситуации. Како што гледаме односите постојано се менуваат. Колку за пример, Турција и Русија пред две години речиси беа пред почеток на војна, а денес повторно подготвуваат големи заеднички планови.
Кога Европа и Русија би можеле по страна да ја остават идејата да од потенцијалното зближување сакаат да остварат само инстант интерес ( а тоа го сакаат и ЕУ и Русија), стратешки гледано, спојувањето на Русија и ЕУ би создало нова супер сила, можеби и единствена суперсила на светот која би можела да му парира на ривалот САД. Токму и тоа е причината заради која САД се труди да ја оддалечи Европа од Русија, по секоја цена да го спречи нивното обединување.
Ако тргнуваме од преспективата дека тоа е една од најголемите вистински закани по американската глобална доминација, тогаш може да се каже дека американското подтикнување на Украинската криза во стварност бил маестрален чекор, со кој и во најмала рака, за години и години одложен е проектот за спојување на Русија со остатокот на Европа.
Само да се потсетиме што зборувал Путин во Берлин 2010, и тоа во време на кризата во еврозоната, до каде односите до денес можеле да се развијат доколку не беше Либија, Украина, Сирија…. САД очигледно плански предизвикува кризи и знаат зошто во крајност го прават тоа.
Пред избувнуваето на кризата во Украина, економските односи помеѓу Русија и ЕУ биле на највисок степен во историјата. Здружувањето би имало бројни предности за двете страни. Потсетуваме, една од причините заради што е формирана Европската унија е да војните во Европа едноставно станат бесмислени – бидејќи би чинеле премногу. Колку за пример, Германија и Франција досега меѓусебно речиси постојано војувале низ историјата, а денес таквата идеја -сё додека е ЕУ и додека двете се членки – звучи апсурдно и незамисливо.
Воја со Русија, поготово доколку САД ја “турка“, не е тепко да се замисли. Со други зборови, ова би бил многу помирен континент доколку и Русија биде дел од постоечките ингерграции
Меѓутоа, од сетот тоа сега нема да има ништо? Имено, постои уште еден детал кој наскоро би можел да ги зближи ЕУ и Русија, па дури и повторно да го отвори прашањето за нејзиното приклучување. Одговорот е Брексит.
Имено, ЕУ ја изгуби Британија и логично со тоа, таа е ослабена. Приклучувањето на Русија повторно би ја зајакнало, а доколку Германија и понатаму го води главниот збор, тогаш тоа постанува сё поизгледно сценарио. Зошто? Само да ја погледнеме предноста на Германија во исполнувањето на квотите, агзактноста и пронаоѓањето на репенија. Цел Берлин на чело со Меркел може да зборува за човекови права и доброта, меѓутоа секој кој е запознат со вистинската ситуација знае дека Германија не примила повеќе од 1 милион мигранти од Блискиот исток и пошироко заради љубезноста спрема помалку среќните – им отворија врата како би ги вработиле бидејќи пазарот за труд има огромни демографски проблеми односно дефицит.
По истиот клуч германија би можела наскоро да дојде на идеја, дека доколку Европската унија доколку сака да и` конкурира на САД, тогаш повеќе од јасно и` е дека и треба Русија, како неопходна членка. Односите дури ни сега не се лоши -против Русија најмногу се унат нејзините соседи кои во нејзе гледаат хегемон, империјална сила, која сака да ги потчини – Германија итекако има воља да соработува со Русија, а притоа САД да неи` ја држи раката заврзана, таа соработка би била уште поголема ( Вашингтон ќе се обиде на секаков начин да го спречи “Северниот тек2“(.
Американскиот претседател Донал Трамп, притоа би можел несвесно да помогне во зближувањето на Европа и Русија. Со својата политика “Америка на прво место“ веќе осудил голем број на европски лидери, кои сега само гледааат дали американскиот естаблишмент ќе се урне или не. Доколку Трамп ги преживее обидите кои против него се коваат, ЕУ значително ќе се сврти кон помирување со Русија. На крај колку и тоа на некои да им изгледа и звучи чудно, идеолошки поблиску ќе им биде Владимир Путин за кого сеуште се сеќаваат како про-ЕУ политичар од пред 15-тина години, отколку “каубоецот“ Донал Трамп кој можеби и ќе успее да ја трансформира Америка во своја “Голема Америка“ против која ривалство повеќе нема да идеја туку неопходност.
2017 година пополека се влече,ама да причекаме, да кажеме до 2020 година, или пак до 2025 година. Тогаш сите овие хипотези кои денес изгледаат сё подалечни и навлечени, би можеле да бидат многу блиску кон стварноста.
Многумина тврдат, дека Кина наскоро ќе биде ривал на САД, доколку работите продолжат да се движат во овој правец кој денес го имаме денес, тоа и ќе се случи, само доколку ова движење на траекторијата е константно. Понатаму многумина гледаат на сојуз Русија и Кина како сила која ќе доминира со светот, ама забораваат дека тоа е колку и гордо да звучи, сепак руски “план Б“ – планот А представува приближување кон Европската унија, а тоа ќе го заклули секој кој малку подолго ја следи политичката кариера на Валадимир Путин. Денот кога Европа ќе пресатне со изолирање и подредување на Русија е ден кога глобалното сценарио ќе се измени – Кина ќе биде важна сила, меѓутоа најголема сила во создавање би можела да постане Европа + Русија.
Извори/рефернци:
Putin: Russia will join the euro one day
http://www.telegraph.co.uk/finance/currency/8163347/Putin-Russia-will-join-the-euro-one-day.html
Brexit Could Open the Door to Russia Joining the EU
http://fortune.com/2016/06/28/russia-brexit-eu-membership/
Eurasia Rising: Democracy and Independence in the Post-Soviet Space
Georgeta Pourchot
It’s Time to Invite Russia to Join NATO
http://www.spiegel.de/international/world/open-letter-it-s-time-to-invite-russia-to-join-nato-a-682287.html
Putin wants NATO to let Russia join
http://www.deseretnews.com/article/853851/Putin-wants-NATO-to-let-Russia-join.html?pg=all










