turkeynato_3_0

Пропаднатиот пуч од 15.јули во Турција, кои се обидоа да го изведат припадниците на ФЕТО (Фетулахистичка Терористичка Организација), а според одредени аналитичари подржан од САД (имајќи го во предвид не испорачувањето на Фетулах Ѓулен), не само што го продлабочи јазот помеѓу Турција и атлантските сили, туку ја откри и нескриената вистина дека судбината на Турција е во Евроазија.

Благодарение на американската интервенција, во улогата на заговорот, спроведувањето и подршката на пропаднатиот воен пуч и благодарени на молчењето на ЕУ, која секогаш ироничнмо ја подржува демократијата, турските политичари и поголемиот дел од народот ( вклучувајќи ги нео-кемалистите, конзервативците, националистите и социјалистите) сё повеќе ја подржуваат идејата на Евроазија.

Турција во НАТО влезе во 1952 година од страв од комунистичкиот режим на СССР. Ама, дури и во периодот на Студената војна, Турција и СССР имале прилично нормални дипломатски односи, а премиерите меѓусебно се посетувале. Меѓутоа со распадот на СССР и исчезнувањето на комунистичката закана, владата која ја направи АК партијата, посакувала независна и повеќедимензионална надворешна политика и од тука започна суштинскиот судит помеѓу Турција и НАТО. Мора да се има на ум дека во 1974 година, кога Турција користејќи о своето загарантирано право стекнато со договорот од 1960 година, воено интервенираше во Кипар, кој не е член на НАТО, тогаш одеднаш САД и` воведоа санкции на оружје на Турција кои траеа се до 1978 година. Значи САД ја покажаа искрената посветеност кон Турција, дури и кога противниците не биле комунисти, односно Совети!

После завршувањето на студената војна, кога САД тежеа кон окупација на Ирак 2003 година, на една година после почетокот на владеењето на АК партијата, Турција го доби барањето на САД да ја користи турската територија. Ова уште повеќе ги зголеми тензиите. Исто така дванаесет војници од турските специјални сили кои служеле во Ирак, беа уапсени од страна на американските сили во Ирак. Од тука, јасно е дека Турција и САД имаа кисели односи откако на власт дојде Реџеп Таип Ердоган.

Сирија е уште еден очигледен случај во кој САД повторно Турција ја издвоија како непријател, наместо да ја подржат како земја членка на НАТО. Турција имаше многу добри односи со Башар Ал Асад пред 2011 година. Тоа го вклучуваше и договорот за слободна тровија потпишан во 2007 година, заеднички воени вежби 2009 и 2010 година, како и средби за стратешко партнерство на високо ниво во 2009 година. Меѓутоа, заради певртливите про-американски елементи во Турција, односите со владата на Асад се влошија. Заради сириската граѓанска војна, Турција изгуби пријателски сосед, претрпе економски удари заради 3.5 милиони сириски бегалци и морала да стане учесник во граѓанската војна како би им помогнала на Туркмените, блиски на Турците кои го населуваат северот на Сирија. Меѓутоа најразорниот исход од граѓанската војна беше појавата на курдската YPG, која Турција ја смета за продолжена рака на терористичката курдска партија ( ПКК) и со која во војна е веќе 30 години.

Иако турскиот претседател Ердоган јасно изјави дека САД треба да изберат помеѓу Турција како членка на НАТО и курдската YPG, САД политичкии и воено и понатаму ја подржуваат курдската YPG.

Обидот за воен удар на 15.јули беше непосреден воен напад на САД на пријателска Турција, членка на НАТО преку про-американските ФЕТО војници, кои служат во вооружените сили на Турција. Турција во историјата досега е соочена со три воени удари, меѓутоа последниов обид за воен пуч беше единствен. По прв пат, убиени се цивили, а нраодното собрание беше бомбардирано, а лидерот и водач на пучот (Фетулах Ѓулен) ужива јасна подршка надвор од Турција ( САД). Фетулах Ѓулен, водач на терористичката организација ФЕТО, побегна во Пенсилванија во САД 1999 година, тврдејќи дека владата на Турција врши верски притисок на негов ( не АК Партијата, туку Владата), и сеуште не се вратил во Турција, иако турскиот претседател лично о повикал пред три години. Па заради тоа, од тука турскиот народ смета дека овој пропаднат пуч не е “домашен“ или “локален“, директен воен напад на САД врз Турција, и заради тоа се бореше против пучот одговарајќи на соодветен начин, И покрај официјалното барање на турската влада Фетулах Ѓулен да се испорача , тој и ден денес е недостапен за турските власти.

Покрај бројните предавства, кои САД и и приредија на пријателска Турција и членка на НАТО, последниот воен напад на организацијата ФЕТО, потоа геополитички, економски, историски и од културолошки аспект укажуваат на сё поголема евроазиска иднина на Турција.

1. Географски, како и Русија, и Турција се протега на два континенти – европски и азиски.

2.Распадот на ЕУ започна со Брегзит, а членството на Турција во ЕУ се резгледува уште од 1987 година. ЕУ смета дека културолошките и демографски особини на Турција не одговараат на визијата на ЕУ.

3.Турција со своите соседи немала гранични спорови речиси цел век, иако е опкружена како со муслимански така и со христијански земји, кои многу векови беа под владеење на Османлиското царство. Колку за пример, Турција потпиша договор за слободна тровија о воена соработка и со Србија, иако Турција е сунитска муслиманска земја, немаше војна со шиитски муслиманската земја Иран, уште од 1683 година.

4. Турците се роднини со централноазиските и кавкаски народи. Сличности во јазиците и културата Турција ја поврзуваат со Азија.

5.Турците се Муслимани, па заради тоа Турција е поврзана со Иран и арапските земји. Во турскиот јазик постојат илјадници персиски и арапски зборови. Понатаму, Турците и Арапите пет стотини години мирно живееле под Османлиското владеење.

6.Муслиманите и православните, исто така мирно живееле пдо Османлиското царство. Султанот себе си се нарекувал заштитни на православните народи пред католичкиот Запад.

7.Турците  илјадници одини, политички и воено се бореле против влијанието на Западот.

8.Обичатите и системот на вредности на Турците целосно се спротивни од идеологијата на Западот. Наместо индивидуализамот и ултра-либерализмот, државата, народот, семејството и моралните вредности посебно се важни за Турција, како и во секоја евроазиска држава.

9.Турција тргува со Евроазија, а Германија, Кина и Русија претставуваат најважни меѓународни трговски партнери на Турција. Уделот на Турција со државите кои не се членки на ЕУ расте секоја година.

10.Русија, Туркменистан, Казахстан, Азербејџан и Ирак се држави во кои турските градежни фирми најмногу работаат.

11. Најмногу туристи во Турција доаѓаат од Германија и Русија.

12.Од странците најмногу куќи во Турција купуваат Ирачаните, Саудијците, Кувајтќаните и Русите.

13.Турците и Турчинките влегуваат во бракови со луѓе од Сирија, Германија, Азербејџан, Русија и Украина.

Пропаднатиот пуч од 15.јули се смета за непосреден напад на САД на суверенитетот и демократијата на Турција. Згора на тоа, различитите слоеви на турското општество се соединија против надворешната закана. За многумина аналитичари, ова е втора турска војна за ослободување на нацијата.

Во текот на националното ослободување и создавање на модерна Турција 1921 година, Лењиновата Русија била меѓу првите големи сили која прва ја препозна и подржаа новоосниваната Турска република. Слично на тоа, во ова втора народноослободителна војна, Владимир Путин беше првиот лидер кој ја повика и подржа легитимната турска влада против државниот удар. Возбудлив е фактот дека Русија е првата држава која Турскиот претседател ја посети веднаш после пропаднатиот пуч.

Ако сирискиот судир може да се реши со соработка на Турција и Русија, тоа ќе отвори нов пат за заедничка воља на Турција и Русија да работаат на решавање на другите регионални судири, како што е Нагорно-Карабах. Ако руско-турското натпреварување под водство на водство на НАТО се претвори во турско-руско стратешка соработка, атлантистичките провокации и пореметувањето на стабилноста на Балканот, Блискиот Исток, Кавказот и во Централна Азија што претставуваат заеднички зони на Турција и Русија – ќе пропаднат. Не само тоа што Турција и Русија ќе имаат корист од тоа, туку и националниот суверенитет во овие региони и територијалната целовитост ќе биде заштитена.

Како напредува соработката помеѓу Турција и Русија, така и исходите стануваат сё повидливи, довербата во Евроазија ќе ја обзема Турција, ќе биде полесно да се напушти НАТО и западната оска. И статистичките вистини и историски искуства ја појаснуваат неизбежната евроазиска судбина на Турција. Овој историски товар, на рамената на турското раководство, може да го забрза евроазиската патека на Турција. Турското раководство не би требало да наседне на триковите и американските маневри Турција повторно да се сврти кон Западната сфера, а тоа раководство ќе биде изложено на нивните закани. Ова патување е неизбежно.

Извор:Катехон

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here