Пишува: Hatem Bazian, thebosniatimes/dubai-portal.com.mk

Зошто историјата се дели на пред и после 11.септември, а не на пред и после босанскиот геноцид? Дали е можно религијата на жртвите и сходното категоризирање на нив како “други“ да претставува оправдување за бришење и заборавање на овој настан како никогаш да не се случил?

Историјата е книга без крај, константно уредувана и преуредувана од страна на многу автори од различни интереси. Како академици, ние сме обучени историјата да ја посматраме од различни агли и ги бараме сите можни извори пред да стигнеме до заклучок за одредена тема или проблем. Заради тоа историјата ни претставува најголем предизвик  бидејќи истражувањето на проблемите зависи од разните субјективни ограничувања кои нё спречуваат до дојдеме до крајниот заклучок.

Да го земеме за пример мерењето на времето и основната потреба за календар. За нив се претпоставува дека се непристрасни, ама во стварноста се како многу субјективни процеси, далеку се од тоа. Дали ние сме во 2016 година? Кои мерки и критериуми се користат како би се дошло до овој заклучок? Означувањето на историјата и користењето на календарот е субјективно и ниту малку непристрасно или објективно означување на протокот на време.

Во денешниот контекст, историјата ја означи терористичкиот напад на 11.септември 2001 година, многу важен и ужасен настан кој доведе до смрт на 2996 особи. Овие терористички напади  директно или индиректно ги почувствуваа луѓето ширум земјината топка и тиа прикладно се одбележуваат секоја година. Меѓутоа, од глобален аспект, означувањето на овој грозен настан како единствена одредница во времето е проблематично. Овде 11.септември се користи како настан пред и после кога се означува времето, многу слично на начинот на функционирање на грегоријанскиот календар, ама тој не претставува универзална одреденица без оглед на неговата широка употреба.

Додека бев во Сараево, минатата недела, проблемот на означување и бришење на историјата постојано ми беше на ум. За Босна, историјата се означува во однос на геноцидот, односно сребреничкиот масакр во кој за два дена, од 11 до 13 јули, под заштита на ОН, беа убиени 8272 бошњачки цивили. Геноцидот во Босна го изврши војската на Република Српска под команда на генералот Ратко Младиќ кој уби околу 100.000 цивили, кој сведочеше на систематското силување на околу 12.000 до 20.000 бошњачки жени, изврши етничко чистење и расели 2,2 милиони луѓе, мнозинството босански муслимани.

Овде мора да го поставиме прашањето зошто босанскиот геноцид историски не е означен? Зошто беше подложен на слоевити бришења и изоставувања од рефернцата како и да не се случил?

Ако 11.септември, заради огромните напади и големиот број на жртви, праведно е означен и обележан, тогаш сигурно е дека босанскиот геноцид, со повеќекратните напади во текот на четирите години и безброј масакри, треба да биде неподвижна точка во историјата. Статистички, геноцидот во Сребреница донесе три пати повеќе жртви и засигурно заслужува обележување. Јас не се обидува да ги споредам овие ужасни акти, ниту целта мие да мерам кој повеќе страдал, туку објаснувам дека историјата некаде е означена, а некаде не, и како некои луѓе се избришани од светското памтење. Зошто осротијата се дели на пред и после 11.септември, а не на пред и после босанскиот гениоцид? Дали е можно религијата на жртвите и нивното сходно категоризирање како “други“ е оправдување за бришење и заборавање на овој анстан како никогаш да не се случил?

На Европскиот самит за исламофобија, британскиот министер за надворешни работи Џек Страв во периодот за времето на премиерот Тони Блер од 2001 до 2006 година, инсистирал на означување на времето во однос на 11.септември и изјавил дека тој датум претставува најважен настан кој присутните мора да го обележат во нашето време. Публиката на самитот мнозинско ја сочинуваа муслиманите и отварањето на кое Страв држел говор одржано е во обновената  национална библиотека. Тоа беше место каде во еден замав беа запалени најголем број на книги во историјата на Европа, со 2 милиони наслови намерно избрани од страна на Србите како чин на културен и интелектуален геноцид направен над колективното наследство на босанските муслимани.

Џек Страв не сватил дека луѓето во таа просторија патуваа и согласија да дојдат дојдат на конференција бидејќи се одржува во Сараево, во знак на сеќавање и солидарност со значајната историја на босанскиот народ која константно се брише од европската свест.

Џек Страв ни приреди такво бришење на самитот. Додавајќи сол на раната, господинот Страв од сцената бараше од исламските теолози да издадат фетва и изјаснат против “Исламската држава’, со тоа најавувајќо ја претпоставката дека  тие или молчат или колективно го подржуваат и се одговорни за она што терористите го прават.

Во текот на дискусијата, се спротивставив на препишувањето на колективна одговорност и неосновани тврдења дека  исламските теолози треба да се обвинат за она што се случува во Ирак. Го напоменав и тоа дека учествува во колективниот одговор на исламските учењаци со кој се отфрлаат тврдењата на ИД. Исто така нагласив дека не постои муслиманска организација, на било кое ниво, која не донела изјава, по прашањето на криминалните и терористички активности на ’Исламската држава’. На крај го прашав Страв, зошто смета дека муслиманите, како групација од 1,4 милијарда, треба да се држат како одговорни за ’Исламската држава’, а не поранешниот американски претседател George W. Bush, Blair и тој самиот за инвазијата врз Ирак и креирањето на услови за подогнување на ова терористичко движење. Одговорот не му беше директен, и на брзо премина од недостатокот на фетва на обвинување на луѓе кои  збунети по прашањето на тоа што треба да се направи. Човечката збунетост не е единствена за муслиманите, а нејзиното проблематизирање како причина за создавањето на Исламската држава претставува крајно е злобно. Страв одби да признае било каква вид на одговорност за хоророт кој се одвиваше во Ирак. На сцената, како дел од панел дискусијата, се наоѓаше и Mehdi Hasan од Ал Џезира на Англиски кој му создаваше притисок да одговори на прашањето притоа изјавувајќи дека и самиот Блер прифатил делумна одговорност и прашувајќи дали и тој би го направил истото, ама за џабе, тој не одговорил.

Европскиот самит за исламофобијата беше момент на означување и неозначување на историјата. Настан кој требаше да се забележи и запише во модерната историја – локалниот наратив на босанскиот геноцид – падна на бришење и префрлување на одговорноста. Од тука не зборувам дека сите презентации имале иста грешка, напротив, некои одлучни истражувања и говорници понудија детални извештаи за исламофобијата на европските и теоретските нивоа. Меѓутоа отварањето и некои делови на самитот создадоа проблематична рамка и поррошија преку потребни ресурси.

Она што геноцидот во Босна го овозможува е вистински модерен приме на сериозните последици на исламофобијата. Геноцидот во Босна ни покажува што се случува кога процесот на дехуманизација се спои со нативизмот, националистичкиот занос. Логори на смртта, масовни силувања, етничко чистење и геноцид започнуваат со создавање на наратив за “другите“ кои тогаш се спроведуваат на дело. Наративот за муслиманите во Европа и Америка би требало да биде предупредување за сите оние кои однесуваат, а она што Босна го диживеа треба да биде јасна лекција дека ветувањето “ никогаш повеќе“ не се исполнило.

(The Bosnia Times, Превод: Esma Latić/Исо Демишоски)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here