
(Wikipedija) Фото: Карта на израелската окупација на Палестина од 1946 до 2010 година
Во 1947 година. Обединетите нации на еврејските имигранти им дозволија да се населат на 55% од територијата на Палестина, иако сочинувале само третина од популацијата на ова земја.
Еврејска агенција која ја претставувала привремената влада до прогласувањето на државноста на Израел 1948 година, веднаш започнала да ја спроведува стратегијата на “чистење на арапската популација“. Овој план остана запаметен во историјата под името “Plan Dalet”. До 14.мај 1948 година кога и изванично е прогласена неависноста на Израел, мнозинството на Палестинци беа протерани, како од странската војска, така и од страна на одредени паравоени единици.
Во текот на Палестинската војна во 1948 година. Израел зазеде дополнителните 23% од Палестина, а до 1967 година и преостанатите 22%. Палестинците кои останаа во “Светата земја“ практично се затворено во Појасот Газа, Западниот брег и источен Ерусалим.
Првиот премиер на Израел Бен Гурион напишал: “ Ја подржувам поделбата на палестинската земја, бидејќи кога ќе станеме сила, ние таа поделба ќе ја укиниме и ќе се прошириме по цела Палестина“.

FOTO: (Reuters)
Зборовите на Гурион се остварија – Израел навистина се прошири по целата Палестина.
Од тогаш па се до денес, Израел Палестинците ги држи сконцентрирани во мали, иолирани региони, од кои за да излезат, Палестинците мора да поминат голем број на воени контролни пунктови, проверка и мал вистински бирократски пекол. Како Израел ги контролира сите граници, воздушниот простор, и природните ресурси, така палестинската економија паѓа во пепел, а долгогодишната окупација единствено предизвика сиромаштија, омраза и конфликти.
Во текот на Палестинската војна, околу 700.00 Палестинци се раселени, а дури 13.000 го загубиле животот. Денес, потомци на палестинските бегалци ги има на милиони. На светот има околу 12 милиони Палестинци, од кои 4,8 милиони живеат на палестинските територии – 2,9 милиони на Западниот брег и 1,9 милиони во Појасот Газа. Околу 5,6 милиони Палестинци се водат како бегалци , а 29% од нив живеат во бегалски кампови од кои 10 во Јордан, 9 во Сирија, 12 во Либан, 19 на Западниот брег и 8 во Појасот Газа.
Секој 15.мај Палестинците го обележуваат празникот Javm an Nakba што во предво значи “Ден на катастрофата“. Овој датум е многу билен за Палестина бидејќи потсетува на прогласувањето на државата Израел и масовната депортација на Палестинците кои се случиле тогаш.
Оние кои се доволно стари да се сеќаваат, меланхолично на своите деца и внучиња им ги покажуваат црно белите фотографии на своите родни куќи, села и градови, фотографии на убиени роднини во судирите за одбрана на Палестина од Израелците, нивната милиција и нивната банда.
Трагедијата на “Одбраната земја“ најдобро се гледа кога еден покрај друг го извикнат повикот “Ќе се вратиме!“ и израелското “До в`година во Ерусалим“.

FOTO: (Reuters)
Двата народа можат да кажат дека имаа неспорно историско право на ова земја; двата имаат свој јазик и религија која се развивала на овој простор. Меѓутоа што вреди кога се одвоени со зидови и бодликави жици, и понатаму далеко од заеднички соживот.









