
Малку е од социјалните феномени кои се толку завиткани со митови и заблуди како што е случајот со тероризмот. Прв од митовите е дека тоа е нова појава, друга дека е поврзувањето со религиозниот радикализам. Човечката заборавност карактеристика е на сите социјални и сите историски епохи,па и нашава. Заради тоа се случува после секој терористички напад да се зборува за ’ историски преседани’ и ’нови ери’ во меѓународните односи.
Религиозните и секуларни корени на тероризмот.
Европа во втората половина на 20.век била најголема жртва на тероризмот. Треба само да се потсетиме на “Болоњскиот масакр“ во кој припадниците на десничарската организација Јадро вооружена револуција (НАР) ја разнесоа железничката станица во Болоња и усмртија 85 луѓе, во 1980 година. Или киднапирањето и убиството на италијанскиот премиер Алдо Мора кое го извршиле припадниците на екстремната левичарска терористичка организација Црвена бригада. Треба да се потсетиме на нападите кои ги планирал и извршувал Карло Шакал ширум цела Европа и Бадер- Мајнхоф во Германија.
Сите овие напади беа драстични како и вчерашниот во Брисел во однос на бројот на жртвите. Ги планирале и изведувале левичари и десничари имуни на религиските идеи. Иако корените на тероризмот достигнуваат до времињата кога религиозните идеи биле покренувач на социјални движења. Како за пример, Зилоти, еврејско ослободително движење, сакале со помош на атентат и убиство да ја ослободат тогашната Палестина од римската окупација. На крај подигнаа сеопшто востание кое е задушено во крв; асасини, дел од исмаилитската шиитска секта, во раниот среден век ги заплашувале христијанските и сунитските владетели до тој степен што во неколку европски јазици зборот асасин станал синоним за убиец.
Национално ослободување.
Меѓутоа, модерниот тероризам има секуларни корени; настанал од анархистичко движење, Рускиот цар Александар 2-ри, италијанскиот крал Умберто1-ви, австриската царица Елизабета, францускиот претседател Карно, американскиот претседател Макинли и шпанскиот премиер Кановас паднаа како жртви на атентати извршени од страна на анархистички терористи. На секуларните основи настанаа сите модерни терористички движења во 20.век, на кои им се придружи уште еден момент – желбата за национално ослободување. Покрај Црвените бригади, Бадер-Мајнхов групата Карлос Шкал, во Европа после Втората светска војна се појавија и Ирската републиканска армија и баскијската ЕТА, кои претставувале спој на радикална левица и национално-ослободителни движења. Со нив во чекор ги следел и десничарските екстремистички групи како што претходно беше споменета НАР, кои исто така настанале на секуларни, нацистички и фашистички традиции.
Тероризмот настанал во Европа а не на Блискиот Исток.
Трет мит, кој после терористичките напади на Њујорк 11 септември 2001 година врежал во главите на луѓето дека тероризмот е блискоисточниот феномен. Меѓутоа како што видовме претходно, тој не е, бидејќи терозимот токму од Европа се прелеал на Блискиот исток. Па, дури и на Блискиот исток тероризмот на почетокот не бил поврзуван со верскиот фанатизам, туку со обидите на националното ослободување на Палестина. Палестинската ослободителна организација (ПЛО) била, а и денес е секуларна, левичарска организација која во една фаза од својата борба се користела со тероризам како средство за постигнување на цел, а тоа е ослободување на Палестина. Како резултат од откажувањето на ПЛО од тероризмот се појавија десетина помали терористички организации кои не се сложувале со таа политика и кои исто така биле левичарски. Верскиот фанатизам станува начело на собирање на терористите дури со појавата на талибаните во Авганистан. Од тогаш па се до ден денес тероризмот се поврзува со верските (исламски) фанатизам.
Од терористи до угледни граѓани.
Модерните терористички бранови имале фази на настанување, зенит и опаѓање. За нивното настанување секогаш е потребен окидач како што е незадоволството на пошироките слоеви на состојбата во општеството. Групите слични како руската “Земја и желба“ во 19.век, или италијанската Црвена бригада во средината на 20.век настанале како резултат на незадоволство на состојбата во царска Русија и Италија и тежнееле со своите терористички акции да ги покренат пошироките слоеви на населението на акција и промена на општеството. Слично е и со терористичките организации кои за цел имале национално ослободување. Она што е карактеристично за сите нив е тоа што терористичките организации секогаш се однесувале и однесуваат стихијски – би се појавувале и исчезнувале во одреден момент. Брановите на тероризам би се прекинувале од повеќе причини. Прво самите терористички организации би се извитопериле од идеалистичките организации во обичени мафијашки банди (ограбувачи), како што се случило со Црвената бригада кои започнале да ограбуваат банки под изговор “ експропријација на средства за ревулиционерна борба“, со што се компромитираа самите себе си.
Неостварливите идеали.
Друго, терористичките организации биле заснивани на нејасни и често неостварливи идеали. Кога по пат на терор сакате да создадете иделно и мирољубиво општество, се обидувате да поврзете нешто што е неспојиво. Национално- ослободителните организации се откажувале од тероризмот како средство на борба или биле инкорпрорирани во мировен процес, како што тоа се случило со ИРА или ПЛО. Исчезнувањето и компромитацијата на идеолошката матрица како што бил комунизмот претставува уште една причина за исчезнување на терористички организации кои пустошеле по светот во втората половина на 20.вел. Со извикот на Карлос Шакал “ Да живее светската револиција“! на судењето во Франција 2000 година, повеќе наликувал на очајнички повик на комедијант отколку на сериозна политичка парола. На крај на краиштата, луѓето растат и стареат, го менуваат политичкото гледиште, созреваат.
Тоа се случило и со припадниците и симпатизери на дваесет вековните терористички организации. ПЛО, откажувајќи се од тероризмот станал сериозна политичка сила, а многу припадници и симпатизери на Црвената бригада или Бадер- Мајнхоф станаа угледни интелектуалци, банкари,уметници,припадници на социјалната елита кои во младоста толку ги презирале што посакувале да им ја сотрат секоја трага. Бесмислената идеологија на тероризмот, според тоа е континуирана историска појава која со време се менува. Бранот на тероризам кој го зафати светот на почетокот на 21.век претставува само нова фаза во развојот на старата историска појава облечена во корените на радикалниот ислам и прашање е уште колку ќе трае. Таа станува се подрастична заради тоа што ја спроведуваат нови организации како (Ал Каеда која сега ја замени ’Исламската држава’) кои веруваат дека старите методи биле неадекватни.
Она што лидерите на ’Исламаката држава’ го забораваат, е тоа дека троризмот, освен во случај кога станува збор за официјална државна политика, како што било во револуционерна Франција или на почетокот на Октомвриската револуција, не дава резултати. Верскиот фанатизам било и од која идеологија како и секоја друга, и како и секоја друга неуспешна идеологија, а дека е така нё учи историјата, ќе се урне сам на себе. Неговата успешност во внесувањето на страв зависи од медиумската помпезност и помпезноста на политичарите кои секој саат му објавуваат “војна на тероризмот“. Наместо помпезност, многу поубедливо е да се борите против терористите и уништете во нивното јадро. Исто така, да се работи и на демаскирање на нивната идеологија, и тука лежи вистинскиот напор. Бидејќи терористичката идеологија е толку бесмислена, така да треба да се биде вистински стручњак за да ја демаксирате.
Dubai-portal.com.mk








