оман
Султанатот Оман отсекогаш бил член на Советот за заливска соработка (GCC) и во најдобри односи со Иран , а неговата диломатија многупати од 1970 година помогнала во разбирањето на односите помеѓу големите и регионални сили. Дали од тука произлегува заклучокот дека сега е време Оман повторно да ја покаже својата дипломатска сила и смири крајната затегнатост која владее помеѓу  Саудиска Арабија и Иран?  Таков дипломатски пристап на Мускат води низ независниот пристап на надворешнополитичките односи под водство на султанот Кабус.
Откако ја презел власта во 1970 година, Кабус мудро и стратешки ги уравнотежувал судрените интереси на оманските големи и силни соседи. Клучен столб на оманската надворешна политика е одржување на сојуз со Ријад и Техеран, и одбивање на соработката со Саудиска Арабија против Исламската држава. Сё поголемата геополитичка криза, прва во 2016 година настана  откако Саудиска Арабија на 2.јануари го погуби шејхот Нимр ал-Нимр, и тоа на Оман го стави на тест, и искушение бидејќи сега Мускат мора да ја одржи стратешката неутралност иако Ријад е решителен да ги обедини сите свои сојузници против Техеран. Во овој важан момент по блискоистичната историја, тензиите се најизразити откако заврши Иранско-Ирачката војна во 1988 година. Сепак, нема показетел дека Оман одлучил да го напушти својот мировен пристап. Туку обратно, функционерите на Оман веќе одговориле на геополитичкото ривалство на двете најголеми регионални сили на традиционален и мирен начин.

Лидерите на Оман ги осудија  насилните напади на саудиските дипломатски претставништва во Техеран и Машхад откако Нимр бил погубен, нарекувајќи ги тие напади како неприфатливи. Меѓутоа за разлика од останатитте членки на (GCC), Мускат не презеде никакви активности за нарушување на дипломатските односи со Иран. Туку обратно, министерот за надворешни работи на Оман Јусуф бин Алави бин Абдулах и амбасадорот на Оман во Техеран Сауд бин Ахмад ал Барвани веднап заминале во Техеран, каде се сретнале со ирански претставници и разговарале за растечката затегнатост.

Од позиција на Мускат, овој избој на геополитичка затегнатост  е несреќен, бидејќи значајни влијае на Оманските сопствени национални интереси во поширокиот регион. Минатата година, Мускат значителна сила вложил во дијалогот помеѓу сириските и јеменските меѓусебно спротивставени сили. Сега Саудиска Арабија, Коморите, Џибути, Кувајт,Катар,Сомалија, Судан  и Обединетите Арапски Емирати ги заострија или намалија дипломатските односи со Иран, а лидерите во Египет и Турција изразија просаудиски ставови. Таква дипломатска криза навистина ја загрозува кревката мировна иницијатива во Сирија и Јемен, а на Оман го става во крајна незгодна позиција.

Оман ја дели сопственоста над стратешкиот важен Хормушки канал со Иран, па заради тоа во интерес на Оман е да ги смири тензиите помеѓу членките на GCC и Иран. Станува збор за долгорочна енергетска политика на султанатот. Иако тој проект не ја покренал брзината каква Оман ја посакувал, сепак Оман и Иран остварија процес на развој на подводен гасовод измеѓу двете земји.Оман има помалку нафта отколку останатите членки на GCC и се соочува со економски потешкотии како последица на намалување на цената на нафтата. Од тука во гасот на Иран ја гледа критичната геополитичка и економска цел. Заради тоа Мускат сака да избегне било каков потег кој би ги компримитирал растечките енергетски односи со Иран. Освен тоа, преку патот на Иран, Оман може да досегне и до гасот на богатите земји на Средна Азија.

Како и во сите тие геополитички игри голема улога има и верат, треба да се нагласи дека Оман е мнозинска ибадијска држава. Од тука борбата помеѓу сунитските и шиитските муслимани ја гледа како трагедија за целиот исламски свет. Оман не и се придружи на Саудиска Арабија во вооружувањето на сунитските борци ширум целиот регион, бидејќи со тоа ќе го намалеше иранското влијание, а од друга страна со тоа избегна да одбере страна во сириската и јеменската војна. Со тоа султанатот стана легитимен и непристрасен  посредник, на начин на кој ниту една друга држава членка на GCC не може да дејствува.

Од друга страна постојат и силни историски врски со Иран и Оман, особено откако шахо-от Пахлави испратил ирански сили во покраината Зофар во обид да му помогне на султанатот да го скрши отпорот на марксистите во 70-те . Тоа историско искуство го обликува единственото разбирање помеѓу двете земји. Оман не го гледа Иран како Персиско царство или Исламска република, туку како сосед кој секогаш ќе потои, без оглед на политичката структура која владее со Иран. Меѓутоа, тоа, не значи дека односите во целост се идилични.

Од Исламската револуција, функционерите во Оман и Иран имаат фундаментално спротивни гледања на улогата на американската војска во Персискиот залив. Оман е близок сојузник со Западот и секогаш се потпирал на најаките поморски сили- некогаш тоа била Португалија, па Британија, а сега САД – како гаранција за својата национална безбедност. Меѓутоа, Иранците сметаат дека американската воена присутност на Блискиот исток претставува причина за нестабилноста и небезбедноста во регионот. Сепак, претставници на Оман секогаш сметале дека решавањето на проблемите на арапско-иранските односи треба да се одвиваат преку дијалог а не преку непријателство. Моментално овој рецепт на Оман се наоѓа во тешка дефанзива.

Посебно важно прашање за Оман е ситуацијата во соседен Јемен. Оман  е членка на земјите на GCC  која не му се придружи на саудиската коалиција во борбите во Јемен. Десет месеци откако започна операцијата Решителна олуја, Саудијците се најдоа во незгодна ситуација од неможноста за завршување на војувањето, а терористичките организации како Ал Каеда и ИД (ИСИЛ) излегуваат како единствени победници на војната во Јемен. Во друг случај пак Саудиска Арабија стана и цел на критики од страна на меѓународната заедница и групата на организации за заштита на човековите права, кои го обвинуваат Ријад за воени злосторства против цивилите во Јемен.

Откако мировните преговори во Швајцарија на почетокот на декември пропаднаа, а борбите во северен Јемен продолжија, Саудијците се најдоа пред голема стратешка дилема. Ако следниот круг на преговори, закажан за почетокот на 2016 година, пропадне, се поставува прашањето дали Саудиска Арабија ќе продолжи со обезбедување на ресурси  во крвавата борба на бунтовниците, или пак ќе се повлече без остварување на главните цели на Ријад? Куќата на ал-Сауд сака да излезе од Јемен, ама без срамотен пораз, па Ријад му дозволи на Оман да побара политичко решение на сё лошата криза. И тоа на крај претставува воздишка на реалност во главниот град на Саудиска Арабија

Во ноември минатата година Јусуф бин Алави се сретнал со својот саудиски колега, министерот за надворешни работи Адел ал- Џубеир како би поразговарале за поголема соработка на шесте членки на GCC околу состојбата во Јемен. Во таа прилика Алави повикал на смирена  дипломатија и долгорочно политичко решение кое би можело да настане само доколку сите страни се сретнат. Иако распадот на меѓународно признатата  јеменска влада во јануари минатата година предизвика дијаметрално спротивни одговори од Саудиска Арабија и Оман, Алави изјавил дека Ријад и Мускат мора да гледаат напред и прекинат со минатото. Оманците добро ја познаваат историјата и околностите на Јемен. Кога започнала воената кампања против шиитските бунтовници Хутите, Оман бил сигурен дека ниту една страна не може да ја презеде контролата над целата нација во Јемен. Решението на судирите во Јемен бара договор за поделба на моќта во која сите сили ќе учествуваат во консоцијалистичка управа. Од тука Оман остана целосно неутрален во судирите и се предаде во зајакнувањето на мировните преговори.

Откако започнала воената операција, Оман прифатил представници од различни воени фракции.Во мајот претсвници на американскиот  Стејт Департмент одржале тајни разговори во Мускат со претставници на Хутите, а претставници на силите на Хутите се состанале во Оман и со Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, како и со представници на GCC. Оманците исто така обезбедија пуштање на западните цивили кои беа киднапирани од страна на милитантска група во јемен.

За Оман во национален интерес е оседен Јемен да постигне долгорочна стабилност, а тоа го мотивира на Мускат да продолжи со преговорите кои ги вклучуваат сите учесници и на крај да се постигне прекин на огнот. Од гледна точка на Оман, силите на Хутите и лојалистите на Салех не претставуваат иста закана, како што тоа го гледаат сите други останати членки на GCC, и тука тие настојуваат да ги искористат разликите да се постигне равнотежа на силите. Војната во Јемен има и потенцијална опасност по самиот Јемен. Имено, продолжените судири имаат потенцијал да се прелеат и во оманската провинција Зофар, која се наоѓа на границата со Јемен и Саудиска Арабија.Од тука Оман има причина да стравува. Пред султанот Кабус да дојде на Власт во 1970, внатрешен судир продрел во Оман. Од 1850 до 1950 година Оман бил поделен помеѓу ибадијскиот имамат во внатрешноста и султанатот на брегот. До 1950 година, со британска подршка, таткото на султанот Кабус успеал да го пригуши отпорот на ибадијскиот имамат и презеде контролата над целата земја, особено над подрачјето во внатрешноста каде е откриена нафта.

Во шеесетите марксистичка бунтовничка група со странска подршка од надвор под името Ослободителен фронт на Зофар, подоцна наречен како Народен Фронт за ослободување на окупираниот Арапски Залив, започна со своето дејствување, сё додека монархистичките сили со подршка на Британците, Иранците и Јорданците не ги поразија во 1976 година.

Оман се наоѓа во крајна нестабилна ситуација бидејќи султанот Кабус е болен, а нема наследник. Функционерите во Мускат не се чувствуваат удобно бидејќи историско неразвиената провинција Зофар би можела едноставно да го одбие наследникот на султанот Кабус. Во тој контекст, започнување на мировни преговори за решавање на кризата во Јемен на преговарачка маса, претставува директно задоволување на националните интереси на Оман. Потенцијалот да екстремистички групации се инфилтрираат во Оман и создадат немири на трагата на историските тензии во текот на националната политичка транзиција длабоко го загрижуваат на Мускат. Сеќавањето на судирот помеѓу ибадијскиот имамат и султанатот, како и Зофарското востание и понатаму живее помеѓу старите Оманци. Денес можеби Народниот фронт нема да биде тој кој ќе ја нападне монархијата, ама без сомнение таква идеја имаат одредени екстремини припадници на различни фракции слични како оние на Ал Каеда и ИСИЛ.

Иако Оман води независна надворешна политика и дејствува надвор од рамките на GCC, Ријад сепак е благодарен на мудроста од страна на Оман во водењето на политиката и дипломатијата. Исто така подеднакво на Оман благодарни му се и Иранците, со што се потврдува дипломатската сила на една земја која не припаѓа ниту на сунитите ниту на шиитите, и која има таква доверба од сите страни, така да можно е да се очекува дека по пат на посредувањето на Оман може да се дојде до олеснување на ситуацијата на Блискиот исток. Сепак, прашање е кога Оман ќе биде во таква можност.

Извори: Arabian Industry, Al Arabiya, Reuters, Middle East Eye, Press TV/advance
dubai-portal.com.mnk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here