
Саудиска Арабија во задните неколку години направи низа на чекори кои не придонесоа во нејзините интереси. Борбите во Јемен не поминуваат добро, единствено успеаја во тоа што целиот Јемен не падна целосно во рацете на бунтовниците Хути, меѓутоа сепак не успеаа да ја вратат соборената влада, која била приврзана кон нив, власта во главниот град Сана.
Не поминува добро ниту нивната повеќегодишна стратегија фокусирана на смена на режимот во Сирија. Сё до неодамна изгледало дека Асад, ако се продолжи со масовните упади на милитанти во Сирија, сепак ќе ја изгуби војната. Меѓутоа, тогаш на страната на сириските власти застана Русија и работата поприлично од тогаш започна да се движи во интерес на страната на Дамаск.
Тогаш Саудиска Арабија, Русија ја идентифицира како главен актер кој го спречува сменувањето на режимот во Дамаск, и од тука одлучија да започнат економски напад – уривање на цената на нафтата со максимилизација на сопственото производство. Дека таквиот процес би можел Русија да ја стави на колена, во тоа нема двојба, ама когаш? Колку долго Саудиска Арабија морала да ја држи цената на нафтата на ниско ниво за Русија да потклекне? Можеби предолго.
Во еден од своите чекори, пред два дена Саудиска Арабија го погуби шиитскиот клерик и дисидент Нимра ал-Нимр, знаејќи притоа дека тоа ќе предизвика жестоки реакции во регионот, дека шиитите ќе бидат многу гневни, а благонаклоно на таквиот чекор нема да гледаат ниту умерените и секуларни сунити, како ниту остатокот на светот.
Од друга страна Иран и нејзините шиитски потајно вршат притисоци неколку месеци наназат врз сунитскоти население во Иран, притоа мешајќи се и во други земји од регионот, како Јемен, Сирија, Ирак, па дури и Бахреин.
Во судирите во Сирија од половината на нападите и се придружи на Русија, за да пред некоја недела целосно се повлече од учеството во судирите во Сирија. Она што понатаму е загонетно е тоа што Иран во сите земји од регионот потајно ги потпалува шиитското малцинство, на немири, протести како што пред извесен периот се обиде да го направи во Бахреин.
Имено, после погубувањето на Нимра, започнаа немири во Иран, и на одредени места, а во Техеран било најжестоко – гневните демонсгтранти ја упаднале во амбасадата на Саудиска Арабија и ја запалија зградата.
И покрај фактот дека иранскиот претседател Хасан Рохани непосредно после тоа ги осуди нападите на амбасадата, на Ријад тоа веќе му беше доволно зада превземе мерки. Ги прекинаа дипломатските односи со Иран и сега очекуваат нивните сојузници да одговорат адекватно.
Блиските сојузници веднаш сватија дека мораат тоа да го направат, па така веднаш досега Бахреин и Судан ги прекинаа дипломатските односи со Иран, а Обединетите Арапски Емирати го намалија бројот на дипломати во Иран.
Нема сомневање дека Ријад се надевал и дека сеуште се надева дека истото ќе го направави и најмногумнозинската сунистак сила од Блискиот исток, Египет. Меѓутоа , тоа сеуште не се случило. Од Каиро ги осудија нападите на саудиските дипломатски претставништва во Иран, ма тоа засега е сё.
Може ли да се каже дека Иран требало повеќе да внимава? Можеби и требало. Знаеле дека гневот после погубувањето на Нимр ќе се пролее на улиците и дека саудиската амбасада ќе стане главна мета. Пред комплексот во Техеран се наоѓала полиција у било употребено солзавец, ама се стекнува впечаток дека демонстрантите сепак лесно упаднале во зградата и запалија.
Може да се шпекулира дека иранските власти дозволиле “испуштање на пареа“ на тој начин, ама нивните чекори после нападите на саудиската амбасада во Техеран и конзулатот во Мешхад, зборуваат поинаку, -имено до сега приведиле најмалку 44 особи кои се поврзуваат со нападите на саудиските дипломатски претставништа, иако ги имало многу повеќе.
Ако Иранчаните не сватиле веднаш, тогаш можеби сваќаат сега – Саудиска Арабија настојува да ги изолира, бидејќи она што најмногу ја погоди Саудиска Арабија е спорот, ама сигурно излегување на Иран од долгогодишната изолација.
Саудиска Арабија ќе направи сё за да го спречи ислегувањето на Иран од Изолацијата, а минатата година доживеаа шок кога Иран сепак постигна нуклеарен договор со светските сили. Од друга страна Иран, излегувајќи од својата изолација, ќе настојува, ако некако може, таму сега да ја турне Саудиска Арабија покажувајќи му на светот дека цело време бил во заблуд, дека Иран е е опасност по глобалната безбедност, дека Иран е подготвен да биде равноправен сојузник и економски партнер, а дека Саудиска Арабија е “извор“ на радикализмот, исламо-фашизмот и опасност по светот.
Меѓутоа не треба ниту на момент да се помисли дека Иран сака само мирен соживот на Блискиот исток, мир да, ама и сопствена доминација секако. Ако им се укаже било каква можност за дестабилизација на својот ривал, Саудиска Арабија, ќе ја искористи, како што би ја искористиле и овие.
Меѓутоа што е сега ова? Кој има можност да му наштети на некого? Ќе видеме. Саудиска Арабија мисли дека сите ќе застанат не нејзината страна и дека тие победуваат во играта на блискоисточниот раскол, односно можното избувнување на голема и страшна војна помеѓу сунитите и шиитите.
Можеби на крак сё така и ќе заврши. Имаме две сили кои се толку некомпатибилни една со друга така да на крај во такви случаеви често доаѓа и до војна. Потсетуваме, Саудиска Арабија не е само сунитска земја, туку земја каде моќта ја држат сунитите, вехабиите. Додека пак Иран е шиитска земја, ама земја која во вистинска смисла шиитска стана со револуцијата во 1979 година.
Лидерот на иранската револуција, ајатолахот Хомеини пропагирал муслиманско единство, меѓутоа во исто време ги поддржувал и организациите со шиитски агенди во Либан, Ирак, Авганистан,Бахреин,Пакистан,Сирија и други.
Идеолошките и стратешките расколи помеѓу двете најголеми муслимански земји на Блискиот исток, сунитите и шиите, добро се познати, ама и оној религискиот не треба да се заборави. И едните и другите не се сложуваат околу тоа кој треба да продолжи со промоцијата на Исламот после смртта на Мухаммед а.с , а тоа јасно во религискиот контекст не е мала работа. Понатаму, сунитите со векови имаат сомнеж, сомневање за тоа дека арапските шии во стварност и одговаараат на Персија, додека со настанувањето на Исламската Република Иран во 1979 година, нивните стравови на некој начин се потврдени.
Актуелните настани пак нё тераат целиот Блиски исток да започнеме да го посматраме низ сликата на сунитско-шиитските неизбежни судири. Во тој процес занемаруваме кои какви важни географски, општетсвени и историски факти кои понекогаш поедини земји повеќе одредуваат од тоа дали таа мнозинско е сунитска или шиитска.
Колку за пример, за време на големата и крвававвојна помеѓу Ирак и Иран во 80-те години, мнозинствотот ос ирачката војска која јуришала на Иран бил шиити. Слична ситуација имаме и денес во Сирија каде мнозинството припадници на сириската војска се сунити, а се борат против другите сунитски екстремисти. Понатаму, за време на Либанската граѓанска војна избувнувале судири помеѓу шиитските групи Ама и Хезболах.
Да ги погледнеме само контрадикциите во Јемен = шиитските Хути бунтовници во неколку наврати се бореле против властите на чие чело се наоѓал претседателот Али Абдулах Салех, исто така шиит, за накрај откако беше соборен од власт, заедно со Хутите са ја преземе контролата над главниот град Сана во 2014 година.
Сето тоа ни покажува како сунитско-шиитскиот судир не е нешто неминовно што мора да се случи само по себе заради други интрепретации на поедини религиски догми. Судирите ба Блискиот исток не се водат заради религиски туку заради економски и геополитички интереси, а религијата тука е само едно од оружјата, иако тоа е едно многу силно оружје.
Моментално имаме ситуација каде целиот свет се “прави наудрен“ не сакајќи јавно да каже кој стои зад ИСИЛ, за што некои аналитичари изјавуваат дека подршката доаѓа од Саудиска Арабија и слични монархии од Персискиот залив, каде на власт се токму особи кои и самите се со екстремистичко уверување.
“Знам од каде доаѓа подршката за Ал Каеда и ИСИЛ!“, тоа би требало да го каже американскиот претседател Барак Обама, бидејќи знае, ама гајле муе, има уште неколку месеци од својот мандат и потоа следува удобен живот, патувања по светот со држење на предавања на темата за “лидерството“ и останати бесмислици, како што тоа го прави неговиот демократски колега Бил Клинтон.
Во меѓувреме на Блискиот исток навистина би можело да избувне сунитско-шиитска војна, доволно е само Ријад и Техеран да кажат дека така мора да биде. Знаеме на кого тоа никако не би му одговарало, на Иран кој излезе од дипломатската изолација и подготвен е на голем бизнис со остатокот од светот. Ама, САД не се задоволни, бидејќи како што истакнуваат некои, Иран дури сега настојува приоритетот за економските договори да им ги даде на европските , а не на американските компании.
Ако Иран се обиде да го изолира американскиот капитал, тогаш американскиот капитал ќе каже “нека има војна“, бидејќи тоа е она што ја покренува американската политика, особени надворешната. Да погледнеме само како САД набрзина се зближија со Куба и воспоставија дипломатски односи откако членките на ЕУ започнаа интензивно да контактираат со Хавана и разговараат за бизнис.
Сунитско-шиитската војна на Блискиот исток би претставувал незамислива катастрофа и опасност за целиот свет, а ако се случи, тој би се случил во најлош можен момент, бидејќи најголемите воени сили веќе се таму, и на чија страна тие би застанале ?. На иста сигурно не, а ако се групираат, тогаш тоа е глобален судир.
Извор:dubai-portal.com.mk/advance









