
Кога зборуваме за ангажманот на Кина околу сириската криза тогаш може да се каже дека досега Пекинг бил конзистентен во солидарноста со Русија по прашањето на односите спрема Сирија. Тоа најмногу се сведувало на придружувањето на Русија при вложувањето на ветото во ОН. Некои од од тие руско-кинески вета овозможија Сирија воопшто да опстане како држава вака долго, бидејќи во спротивно голема е веројатноста дека Западната воена интервенција ќе се случеше и порано, ама цел не би биле само терористите туку власта во Дамаск.
Кинескиот допринос за опстанокот на Ссирија е многу важен – нивната рака во ОН е важна, како и нзејините протоколарни изјави во кои се повикува на дипломатски, на политичко решение и завршување на крвавите судири. Ама, можел ли Кина да направи нешто повеќе? Може ли на крај, кога сега речиси сите други сили на овој или оној начин вклучија во сирискиот судир, или таа сама ќе се вклучи во војната во Сирија?
Таквиот развој на ситуацијата силно би влијаел не само на односите на силите туку и на пошироката перцепција на самиот конфликт бидејќи сега, без оглед на тоа што сите тврдат дека ИСИЛ им е цел, јасно е дека на едната страна ја имаме Русија, а на другата сите останати актери. Русија е единствена земја која активно учествува во војната во Сирија на страната на сириските власти ( Иран официјално не учествува, а Хезболах не го представува целиот Либан).
Русија се обиде во повеќе наврати на Запад да му објасни дека сириската војска е актер на кој треба да се смета во“борбата против ИСИЛ, ама тие уверувања никогаш не беа прифатени. Ставот на Западот во стварност се корегира малку од самиот почеток на судирите – и понатаму решение за судирите не може да се види без зааминувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад од власт. Работата, помеѓу остантото е во тоа што Асад стана “симболика“. Се перцепцира дека “Русија и Иран“ победуваат се додека Асад е на власт.
Сё додека е така Русија ќе биде поприлично изолирана, а Западните сили веќе и сега својата реторика ја кројат на начинот “ Русија го спасува режимот со тоа што ја продолжува војната и човечкото страдање“. Со самото тоа на Русија од исклучителна помош би била , не само во воена смисла, доколку уште некоја сила би застанала на нејзината стран, особено кога тоа би била Кина.

Кина досега во повеќе наврати вложуваше вето во ОН заедно со Русија на резолуциите кои би можеле да доведат до Западна гресија против Дамаск. Да, Кина технички е на страната на Русија кога зборуваме за Сирија, ама изјавите и рацете во УНВС се една работа, а страрноста на терен друга. Кога Кина би и се придружиле на Русија во Сирија, тоа би бил голем пресврт.
На многумина таквата можност им звучи далечна, меѓутоа нешто сепак се случува. Имено, пред две недели во Кина усвоен е првиот анти-терористички закон. Зошто овој закон е толку важен и зошто за него зборуваме во контекст на Сирија? Заради тоа што овој нов кинески закон содржи член со кој може да се одобри користење на кинеска војска во надворешно анти-терористички акции.
Со други зборови, ако се водиме од текстот на овој закон. Сега на Кина би можеле да ја повикаат да им се придружи на Русија и Иран во Сирија, односно легитимната сириска војска би можела да упати покана до Пекинг.
Новиот закон го коментирал и портпаролот на кинеското министерство за одбрана, Јанг Јуџин. Тој истакнал дека Кина има “проактивен“ став спрема меѓународната соработка во борбата против тероризмот.
Што значи тоа? Тоа значи дека постои можност кинеската војска да може да се вклучи во борба против ИСИЛ? Таа можност се остава отворена. Покрај тоа, би можело да се каже дека Јанг коментирал токму нешто што е на патот на таа трага. Тој изјавил дека, доколку кинеските сили некогаш бидат испратени надвор од границите со цел во борба против тероризмот тогаш тоа би морало да биде во целост во рамките со меѓународните норми вклучувајќи ја и меѓународните норми, вклучувајќи го и почитувањето на суверенитетот на таа земја.
Ова претставуваат многу слични изјави како оние на руските. Имено, Москва во повеќе наврати истакнала дека нивната операција во Сирија во целост е во рамките на меѓународните норми, а во Сирија интервенираат на покана-повик на властите од Дамаск. Се разбира ова се формалности и веројатно зад кулисите можеби работата изгледа поинаку – веројатно од Москва на Дамаск му порачале дека сега би било добро да ги повикаат на помош, ама тоа не е ниту важно, важно е дека таквата процедура наскоро би можело да го вклучи и Пекинг.
Јасно е дека Дамаск нема по светот да испраќа “покани“ за воена борба против ИСИЛ и дека овде многу повеќе ќе зависи од подготвеноста и политичката ситуација во Пекинг.
“Тргнале или не во воена операција против тероризмот, уште нешто ќе одлучиме во рамките на обединетиот национален план“, истакнал Јанг Јуџин без дополнително објаснување на тоа на што точно мислел.
Меѓутоа, не требало и многу да каже за да тргне во шпекулации за тоа дека ова би можело да биде подготовка за кинеска воена аоперација во Сирија. Имено, Кина би можела да има слични мотиви за таква акција како и Русија. Од Москва во повеќе наврати порачале дека мораат да тргнат во борба против терористите во Сирија, бидејќи ако таму не бидат сопрени тие наскоро ќе се појават и во Русија. ( или назад во Русија, бидејќи дополнителен број веќе пристигнале во Кавказот).
Во случајот со Кина имаме слична ситуација. Се разбира станува збор за западната кинеска провинција Ксинџијанг на која оперираат поедини екстремистички организации. Исто така постојат информации дека милитанти од овој простор заминале во Сирија, а некои наводно од нив се вратиле и активно планираат да изведуваат напади во Кина.
Меѓутоа, сите не сметаат дека заради овој факт дека ќе ја натера на Кина да се вклучи во војната во Сирија, иако донесувањето на новиот закон со членот кој на кинеската војска му го овозможува токму тоа, не може да се занемари.
Доколку Кина се одличи на воене интервенција, тогаш неизбежно би дошло до нарушување на нејзините односи со земјите од Блискиот исток кои посакуваат уривање на Асад, – пред се овде се мисли на Турција и Саудиска Арабија.
Со други зборови, постаојат “за“ и “против“ аргументи кога станува збор за кинеските интереси и последиците од таквата интервенција. За сето тоа кинеското раководство доброп ќе размисли пред донесување на конечна одлука, ама , факт е да се напомене дека законот е усвоен и со тоа Кина се наоѓа на мало растојание од можна интервенција.
Понатаму,во ноември ова година руски новинари објавија фотографија на кинески теренски возила во Сирија со кои управува сириската војска – тоа е прв доказ за очигледната соработка помеѓу Кина и Сирија, се разбира официјално немало никако разговор, бидејќи Кина сеуште во јавноста го застапува ставот дека нема да поддржува ниту еда страна која е инволвирана во војната.
Рускиот аналитичар Алексеј Маслов истакнува дека Кина интензивно размислува за тоа дали да му се придружи на руската воена операција во Сирија или не. На крај заклучиле дека днема да се вклучат бидејќи тоа нужно не би му одговарало на кинеските интереси. Ама, тие ставови можат да се променат, особено ако Кина забележи дека руската политика однесува победа и дека сето тоа сега треба само малку да се “протурка“.
Маслов смета дека притоа проблемот е во кинескиот имиџ бидејќи веќе низа на години Кина не интервенирала надвор од своите граници, односно рекација на таков чекор би можел да биде негативен од надвор и од внатре.
Од друга страна, она што ова потенцијална интервенција, засега не ја прави изгледна, е тоа што Кина сеуште таквата интервенција не и треба. Очигледно сметаат дека ситуацијата во Ксинџинјанг можат да ја држат под контрола, а војната против ИСИЛ радо би му ја препуштиле на Русија.
Што во ствраност сака Кина од Блискиот исток? Што поголема стабилност, односно што постабилен простор за своите ивестиции. Понатаму, Кина е огромен потрошувач на нафта, а примарно ја од тука ( повеќето од Иран). Се разбира тука е и така наречениот “Нов пат на свилата“ чиј јужен огранок одел преку Блискиот исток.
Колку долго Кина може да ќека на мир и стабилност? Дали некој ден ќе се одлучи дека било доста и дека нивната војска би можело да го забрза завршувањето на постоечките судири? Денес тешко, ама утре, ако нешто значајно се случи, можноста сеуште постои.
За тоа пак ќе зависат многу силни фактори, а еден од нив е секако и ветувањето дека кинеските компании ќе ги добијат главните работи за реконструирање на Сирија кога ова војна еднаш ќе заврши.
Се разбира, и Русија во Сирија интервенираше заради сопствени интереси, ама веројатно тука има уште нешто, некакво ново-ладновоено ривалство со САД, па можеби и некои ( не нужни преголеми) сипматии спрема лозата на Асад која историски била склона кон Москва. Во случајот со Кина нема романтика, нема ниту патетика-интересите ја водат играта и складно со тоа кинеската моќна војска, најголема на светот ( повеќе од 2,2 милиони активни војници), ќе мирува или ќе се покрене.
Dubai-portal.com.mk/advance
Извори:
China Pulled Further Into Syria Crisis Amid Terrorism Threat
http://www.bloomberg.com/news/articles/2015-11-22/china-pulled-further-into-syria-crisis-as-terrorism-threat-grows
What are the Chances of China Deploying Troops to Syria?
http://sputniknews.com/military/20160101/1032581067/china-troops-syria-analysis.html
Looking ahead at 2016; light versus darkness?
http://www.chinapost.com.tw/commentary/the-china-post/john-metzler/2016/01/02/455009/Looking-ahead.htm
State Media Begin Pushing China as Ideal ‘Mediator’ in Syrian War
http://www.breitbart.com/national-security/2015/12/29/state-media-begin-pushing-china-as-ideal-mediator-in-syria-war/
Beijing’s initiative on Syria highlights the constraints of Chinese diplomacy
http://www.scmp.com/comment/insight-opinion/article/1896591/beijings-initiative-syria-highlights-constraints-chinese
China Hosts Syrian Foreign Minister
http://thediplomat.com/2015/12/china-hosts-syrian-foreign-minister/










