main kamph

По прв пат после 1945 година во Германија повторно ќе започне издавањето (печатење) на книгата на Хитлер позната како Mein Kampf (Мојата борба). По тој повод германската сојузна министерка за образование, Јохана Ванка, го подржала користењето на таа книга во германските училници за ичениците на возраст од 16 години па нагоре.

Во Македонскиот превод, “Мојата борба’-Mein Kampf претставува книгакоја го представува своеврстниот политички манифест на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер која за прв пат е објавена во два наврати во 1925 и 1926 година. После 1945 година и насилното уништување на Третиот Рајх, книгата на Хитлер во Германија повеќе никогаш не беше издадена иако истата и никогаш формално не била забранета како што се забранети нацистичкиот поздрав или свастиката.

Откако нацистичка Германија како држава се распадна мај 1945 година, германскиот суверенитет со Берлинската декларација од 5.јуни 1945 година во целост е пренесена на окупациските органи односно на Сојузничкото контролно собрание. Од тука веднаш после завршување на војната, на Американците им текнало да се одлучат што ќе направат со книгата, бидејќи сојузната држава Баварија ( во неа Хитлер ја имал последната пријавена адреса т.е во Минхен) подпаднала под нивна окупациска зона. Тие одлучиле на Баварија да и остават што ќе прави со книгата. А таа забранила печатење на нови изданија.

Меѓутоа, во Германија, подеднакво како и во остатокот на Европа, авторското право на книгата истекува после седумдесет(70) години после смрттта на авторот. Таков е случајот е и со Хитлер и неговата книга. Издавачите во Германија повторно се слободни да ја печатат-издаваат нацистичката ’Библија’ со потребни напомени и коментари како би се објаснил текстот. Германските власти најавија дека издавачите кои ќе ја издаваат книгата во изворен облик без појаснувања че бидат казнети заради ширење на расна омраза.

Минхенскиот институт за современа историја во јануари ќе го објави критичкото издание на Mein Kampf во некаде од четири илјади примероци.

Заедно со изворниот текст, критичкото издание (резулат на повеќегодишпѓната работа на историчарите) ќе содржи околу 3.500 академски фусноти и коментари. Специјалното издание на Mein Kampf ќе се состои од два тома со околу две илјади сгтраници. Таа ќе може да се набави во Германските книжари по цена од 62 долари, и нема да може да се набави преку интернет.

Германската министерка за образование Јохана Ванка дала зелено светло за користење на критичкото издание на делото на Хитлер во германските училниви. Тој став го оправдала со цел “промоција на политичката едукација и полесно разбирање“. Ванка само дала поддршка на Германскиот синдикат на наставници кои нагласиле дека младите треба да се “вакцинираат против политичкиот екстремизам“.

Mein Kampf одамна е достапна во целиот свет. Поготово од појавата на интернетот секој кој е заинтересиран ќе пронајде текст поврзан со оваа книга. Mein Kampf е популарен на Амазон каде во електронски облик продадени се повеќе од 100 илјади примероци. Меѓутоа најавата од повторно печатење на ова книга во Германија и подршката на власта на овој подвик предизвикала контраверзи. Особено посебно помеѓу еврејската популација. Некои се за, а некои против.

Оние кои се против истакнуваат аргументи спрема кои таквата книга de facto би требало да се заклучи во креденец. ’Можете ли да го коментирате ѓаволот? Можете ли да ја коментирате особата слична како Хитлер?’ – коментирал  Леви Саломон, портпарол на берлинскиот Еврејски форум за демократија против антисемитизмот. ’Тоа е пандорина кутија. Никој не знае што се случува во главата на читателите. Тоа е иделошка основа на масовното индустриско уништување на еврејскиот народ’. Така коментирала  Шарлот Кноблох, претседателка на Централниот совет на Евреите во Германија.

Оние кои се за истакнување на важноста на едукацијата и демистификацијата на нацистичката Библија. ’Ние се разбира, бевме многу внимателни при било каков обид за глорификација или омаловажување на Холокаустот на било кој начин. Ама овде не станува збор за тоа. Разбирам како некои еврејски групи се гневни и нервозни, ама овде се тргнува од точката на гледиште и работите се ставаат во контекст’-коментирал Ричард Вебер, потпретседател на Одборот на застапници на британските Евреи.’Моите принципи ми зборуваат дека реизданието е во ред. На крајот на краевите, Mein Kampf очигледно е важно историско дело. Идеите колку и да се одвратни, не можат да бидат заклучни. Мора да бидат поразени’. Тоа го изјавил уредникот на Еврејската хроника Стефан Полард.

Имаше многу препреки околу Адолф Хитлер и неговата книга Mein Kampf. Да се навратиме на таа книга и да видиме за што воопшто станува збор. Откако во ноември 193 година пропаднал пучот врз Хитлер во една кафеана во Минхен, Хитлер се нашол во затвор во Ландсберг. Според кажувањето на самиот Хитлер, доколку тој не би бил во Ландсберг никогаш не би ја напишал книгата Mein Kampf. Тоа Хитлер му го изјавил на Ханс Франк, како и тоа дека неговиот претстој во затворот му послужил “ да ја препознае исправноста на своите намери“. Тука нацистичкиот лидер добил време и простор да размисли за сё што дотогаш се случувало притоа да ги консолидира и рационализира своите политички ставови како би се подготвил за понатамошни борби.

За време на неговиот претстој во затвор, нацистичкото движење речиси се распаднало на неколку фракции па на Хитлер му преостанувало да пронајде формула за оживување на своето движење и освојување на власта. Најважно достигнување на Хитлер во затворот е смената на перцепцијата на самиот себе. Откако бил благо осуден, самодовербата на Хитлер се зајакнала и тој започнал да се смета за лидер и спасител на Германија. Таков го сметаа неговите приврзаници кон крајот на 1922 година, а сега и самиот накрај се уверил во својата посебна мисија. Истовремено, во затворот Хитлер го спопил својот  антисемитизам со надворешната политика. Всушност, тој во ист лонец ги ставил Евреите и Советите. Ја утврдил потребата од уништувањето на еврејскиот болшевизам и освојување на животниот простор на Лебенсраум на сметка на Русија.

Во Mein Kampf Адолф Хитлер не изнел никакви посебни нови ставови освен поистоветувањето себе си како лидер и дефинитивно обликување на политиката спрема Русија. Меѓутоа, таа книга претставува најјасно и најсеопфатно изнесување на неговите ставови. Најверојатно на пишување на својата автобиохрафија Хитлер бил подтикнат од страна на Макс Аманн, деловен менаџер на НСДАП и сопственик на издавачката куќа Франц Ехер Верлаг. Аманн очекувал Хитлер во својата книга да ги открие своите сознанија за позадината на пучот како би искористил публицитет околу судењето и оствари корист. Меѓутоа, на негова жалост Хитлер во својата книга само го повторил она што на сите им било познато од неговите говори.

На својата книга Хитлер и дал слабо интересн наслов: Четири и пол години борба против лагите, глупости и малодушност. Таков наслов би остварил слаб резултат бидејќи бил неатрактивен и тежок за помнење. На предлог на Маџ Аман Хитлер се согласил да го смени насловит во Моја борба. Првиот том, кој ен напишан во затворот во Ландсберг, се појавил во продажба на 18.јули 195 година. Бил преполн со автобиографски и бројни полувистини, невистини, лаги, измислици. Овој дел завршил со триумфот на Хитлер  при прогласувањето на партиската програма во Хофбраухаус на 24 фебруари 1920 година. Другиот том, кој Хитлер го напишал во текот на 195 година, после пуштањето од затвор објавен е на 11 декември. 1926 година . Опсежно се занимавал со неговите идеи за разбирањето на volkisch државата, со прашањата на идеологијата, промоцијата и организацијата, завршувајќи со поглавија за надворешната политика.

Во својот изворен облик книгата била лошо напишана односно лошо структуирана и премногу развлечена. Да бидеме прецизни, Хитлер не ја пишувал  книгата, туку му ја диктирал на својот возач Емил Маурице и својот близок соработник Рудолф Хесс кој заедно сомсвојот лидер служел казна. Благодарение на многубројните интервенции на уредникот Mein Kampf бил значително подобрен во однос на изворниот текст. Преправани биле цели исечоци за да се постигне единствен Хитлеровски стил, тексто останал едвај читлив, ама сеедно остварено е големо подобрување во однос на изворниот дел. И самиот Хитлер книгата ја сметал за лошо напишана, опишувајќи ја ништо повеќе туку како збирка на поговори за Volkischer Beobachter.

Пред 1933 година. Mein Kampf не бил бестселер иако тоа од него се очекувало. Првенствено заради досадната содржина, лошиот стил на пишување и висока цена од 12 Рајхмарки по том. Во 1929 година првиот том е продаден во отприлика 3 илјади примероци а другиот само во 13 илјади . Продажбата нагло скокнала после изборните резултати на НСДАП во септември 1930 година, а во 1932 година таа броја доспела до 80 илјади продадени примероци. Од 1933 година, и доаѓањето на националсоцијалистичката партија на власт, популарноста на Mein Kampf астрономски пораснала. Така да во истата година биле продадени еден милион и петсто примероци. Книгата можеле да ја читаат и слепи бидејќи верзијата на книгата со Brailleovo писмо била напишана во 1936 година. Од таа година примерок на народното издание ( заедно на двата тома) ја добивал секој среќен брачен пар на денот на венчавањето. 13 милиони примероци биле продадени до крајот на Втората светска војна. Книгата во тој период била преведена на 16 јазици.

Не е познато колку луѓе навистина ја прочитале книгата. За Хитлер тоа не било важно. Тој на почетокот на 1920 -година во службените документи се представувал како писател. Книгата многу го збогатила па со доаѓањето на власт можел да ја одбие платата на канцелар.

Mein Kampf не пружил детален политички нацрт. Ама таа е важна бидејќи исправно ги прикажува политичките начела на Хитлер, идеите, ставовите и долгорочните цели. Книгата воспоставила база за митот на Фирер. Хитлер себе си се опишал како особа која е способна да ја спаси Германија и да и ја врати старата слава. Индиректно тој се истакнувал дека тој е политилчар гение. “ Спој на теоретичар, организатор и лидер во една особа, нешто  шторетко  може да се најде на овој свет, овој спој е одлика на голем човек’. Без сомнение, Хитлер мислел на себе.

’Гермаска Автрија мора да се врати во големата германска татковина и тоа не заради економските причини. Не и пак не. Па дури и ако таквата заедница би била неважна од економска гледна тичка, да, во секој случај мора да се случи, па таа и било да е штетна. Една крв за еден Рајх. Никогаш германската нација нема да поседува морално право на води колонијална политика барем се додека не го прегрне сопствените синови во една држава. Тогаш кога границите на Рајхот го вклучи и последниот Германец, и да не му биде обезбеден достоен живот. Тоа ќе биде политиката на идниот канцелар спрема Австрија која ќе води кон нејзина анексија од 1938 година.

Книгата дава манихејско сваќање на историјата како расна борба според кој големите расни ентитету на Ариевците постојано се поткопувани и уништувани од стран на ниските расни ентитети на Евреите. ’ Расното прашање, не е клуч само на светската историја туку и на целокупната човечка култура’. Според Хитлер мисијата на нацизмот била уништување на ’еврејскиот болшевизам’. Во Mein Kampf Хитлер ја одбил идејата за асимилација на ’ расно страните елемнти’ и ја критикувал политиката на германизација на Пруска за извршување на таа погрешка.

Хитлер и неговите следбеници го виделе пост-Версајското уредување на средна и источна Европа не само како национално понижување туку како биолошка закана за опстанокот на германскиот народ во целина. Гледано од таа перспектива , ниту една надворешна политика не била можна, освен надворешната политика на територијалното проширување. Таквата политика претставувала формално оправдување за преземање на власта и контрола на внатрешната политика со што земјата би се подготвила за идни војни кои би ги вратиле саканите подрачја.

’Ако зборуваме за земјиштата во денешна Европа, на ум можат да ни паднат само Русија и нејзините вазални погранични држави… Со векови Русија црпела храна од германското јадро на своите горни водечки слоеви. Денес тие јадра можат да се сметаат како целосно искоренети и застарени.Џиновското царство на исток зрело е за пропаст. А завршувањето на Еврејското владеење во Русија истовремено ќе биде и крај за Русија како држава’.

Заради потребата од приближување на своите ставови и идеи кон народните маси, Хитлер напишал и своја Друга книга во 1928 година меѓутоа во текот на целиот негов живот таа не била објавена. Не била објавена, бидејќи јавно биле изнесени надворешни политичките планови како да се создаде германска доминација во Европа и светот. Та доминација би требало да се оствари си ново вооружување, освојување на територии и ресурси на сметка на поразените држави итд. Премногу отворено за да биде објавено.

Без сомневање Адолф Хитлер е најпопуларен водач во Втората светска војна и најпопуларен политичар на модерново време. Иако се смета за апсолутен негативец, сепак тој остави историски печат кој ќе не надживее сите нас  се додека постои човештвото. Идејата повторно да се печати Mein Kampf во Германија е проследена со стручни коментари дека е добра идеја и никако не може да биде лоша. Да се печати во изворен облик би можело да се приговори на печатењето, ама вака нема смисла. Секој обид на забрана и сокривање на ова книга од јавноста само ќе создаде дополнителна желба и љубопитност на масите кои секако ќе најдат примерок на Mein Kampf некаде на интернет, или ќе го купат на Амазон или на црниот пазар. Денес во светотот на слободниот интернет ношто не може да се сокрие. Четири илјади примероци за една Германија претставува многу мала цифра. На Амазон Mein Kampf е една од најпродаваните книги во дигитален облик бидејќи луѓето не сакаат да влезат во книжара и купат книгата на Хитлер, ама сакаат да прочитаат и дознаат што е напишано внатре. Кој и да сака да ја прочита книгата на Хитлер ќе ја прочита на овој или оној начин, па заради тоа подобро е за децата по прв пат да се сретнат со таа книга на настава отколку на некој нацистички форум на интернет. Секогаш ќе има лудаци кои погрешно интерпретираат прочитаното, ама тоа не е решение за потенцијално опасните книги како Mein Kampf. Неопходна е поширока достапност и јавна расправа за тие табу теми. Секое туркање под тепих и забранување на конгтраверзните уредници  може да доведе само до контрапродуктивни резултати.

Mein Kampf итекако е актуелна  и во сегашниов модерен свет на затегнати меѓународни односи, војни, судири, господарски и мигрантски кризи. Текстот на Хитлер мора да биде предупредување на кој начин не смее да се гледа на светот и секојдневните проблеми слични како невработеноста, бедата, хаосот итд, за кои актуелните политичари не знаат да изнајдат вистински решенија. И во надворешната политика дел од работата на Хитлер мора да биде потсетник за дрќавните суперсили дека агресијата не смее да се употреби, туку затегнатите односи мора да се решаваат со преговори на заедничка маса.

Поготово, uradak е актуелен во смисла на Унгарија и Украина чии водачи водат отворена профашистичка политика. Јавното користење на Mein Kampf и потикнување на расправи за него, само ќе ги ослабне водачите како Виктор Орбан и Петр Порошенко со кои под кринката на заштитата на своите народи и Европа ги дискриминираат и тероризираат своите и странските граѓани видејќи политики на жица, затворени граници, солзавец и фосфорни бомби. Таквата прохитлеровска политика може светот да го одведе на работ на пропаста и уништувањата слично како што го доведе и Хитлер.

Mein Kampf е актуелен и би било добро масите да го читаат бидејќи тогаш би знаеле да ги препознаат заканите од екстремните националисти кои сакаат да се докопаат до власт како што се Националниот фронт во Фран ција или Златна зора во Грција. Би можеле да набројуваме и други примери на фашизам сличен како фашистичкиот режим на Северна Кореја или исламофобијата во САД.

Едноставно кажано, читајќи и добро познавајќи го Mein Kampf народот ќе знае и биде способен да го идентификува фашизмот и желбата за доминација и агресија. Токму можеби и заради тоа некои сакаат оваа книга да ја заклучат во шкаф. А тоа, нема и несмее да помине.

Izvor:advance/dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here