Даниел Сукман, американски стратег и воен автор, објавил поопширна анализа во весникот The National Interest со многу интересен наслов: “ Каде во иднина Америка ќе се бори тоа е веќе МНОГУ предвидливо“.

Сукман во стварност се потрудил што подобро да предвиди каде ќе се случат следни конфликти, па складно со тоа креирал и карта на која се означени американските борбени и мировни мисии во изминатите 35 години наназад. Со понатамошна анализа, користејќи се со прегледи на претходните војни, тој заклулува дека следен судир, во кој значително че биде вклучен американски воен ангажман, ќе се води или на Блискиот Исток или на Балканот.

“Доколку  новата историска прогноза за динината, тогаш следна голема воена операција веројатно ќе се води на Балканот или Блискиот исток“, истакнува Сукман.

Се разбира, да се предвиди такво нешто и не е лесна задача. Картата која тоја ја приложил покажува дека Балканот и Блискиот исток претставуваат две зони на најголема опасност од нови војни.

Карта: Операции на американските сили во послените 35 години

Помеѓу Блискиот исток и Балканот, следниот голем судир, веројатно би можел да букне на Блискиот Исток. Меѓутоа, самиот факт дека на Балканот се споменува како една од двете опции која веќе е доволно незгодна.

За можностите за избувнување на нови, или проширување на сегашните, судири на Блискиот исток нема потреба од опширно зборување. Поголем судир секој момент може да избувне помеѓу Израелците и Палестинците , војната во Сирија може да се прошири на Јордан, Саудиска Арабија, Либан…. Во Турција секој момент може да избувне граѓанска војна помеѓу турските сили и Курдите. Војната во Јемен може да ескалира и зафати поголем дел од саудиската територија, каде пограничниот дел веќе е зафатен.

Меѓутоа, овде да се осврнеме на онаа другата опција, она која повеќе би нё интересирала, бидејќи сме жители на Балканот.

Сукман претпоставува дека Балканот би можел, повторно да стане центар на значителни сидири во кои повторно би се вклучиле американските сили, на основа анализа на судирите во изминатите 35 години. Се разбира, актуелната воена статистика на овој простор, го зголемува процентот на можноста дека овде може повторно да избувне војна, ама ако веќе зборуваме за такви претпоставки, од каде тие доаѓаат?

Балканот е дел од Европа, ама Балканот воедно е и мост помеѓу оние силните Европа и Блискиот исток. Балканот за Европа, кога зборуваме за опасностите кои демнееат по неа, е она како што Атлантикот е за САД – линија на одбрана.

Сукман се навратил само 35 години за да заклучи дека Балканот би можел да биде ново жариште на судири. Меѓутоа, факт е дека  ова несреќна улога на Балканот му донесувала судири низ и многу подалечната историја.

Кога и да било ова подрачје  зафатено со војна, на осакатените народи секогаш тоа им изгледало дека такво нешто повеќе нема да се повтори, дека убивањето со толкави размери повеќе нема смисла, и дека со тоа , мора да се прекине кога веќе е сега воспоставен нов светски поредок.

Тие “нови поредоци“ на Балканот биле секакви, како и сојузите и непријателствата. Меѓутоа, во овој случај историјата не е толку важна, таа ја создаде постоечката состојба, која самата по себе е нестабилна, па дури и без историските товари.

Ако во денешниот свет постои некоја голема поделба на две страни, на така наречен Исток и така наречен Запад, тогаш таа поделба поминува , помеѓу останатото и некаде преку Балканот. Каде? Не е тешко да се установи – можеби некаде по некакви закривени линии птеку БиХ.

Фокусот се разбира е на земјите од поранешна СФРЈ после чие распаѓање дошло до повлекување на овие линии на разграничување по средината на Балканот. Хрватска и Словенија примарно се ориентираа спрема Западот.

Кога овде зборуваме за ориентации, геополитички ориентации, ќе се користеме со неспретната поделба на Балканот на три сегменти: католички, муслимански и православни. Не треба ниту посебно да се споменува зошто ова поделба е неспретна и во пракса неприфатлива, ама за потреба на идетнифицирање на одредени ориентации ќе ни помогнат во разбирањето.

Значи, кога зборуваме за Словенија и Хрватска, станува збор за католички сегмент на поранешна СФРЈ. Другиот, православниот сегмент се наоѓа некаде на вагата помеѓу Истокот и Западот. Од една страна побргу би се ориентирале спрема Истокот, меѓутоа близината на Западот и оние веќе ориентирани спрема Западот внесува конфузија во самото општество и во политичката реалност на православниот сегмент на поранешна СФРЈ.

Третиот сегмент, муслиманскиот, ориентиране е кон Запад, како и католичкиот, ама не целосно, односно не исклучиво. Муслиманскиот сегмент на поранешна СФРЈ ( и Албанија) силно гравитира и спрема Турција, а турската ориентација спрема Западот исклучително е нестабилна. Доколку Турција би можела да избира, а сеуште не може, би избирала нова географска позиција, не Исток и не Запад, туку Центар, а тој Центар се разбира би го предводела таа.

Меѓутоа, што Турција повеќе зајакнува, со тоа се поизразен ќе биде и третиот сегмент на Балканот, муслиманскиот, односни нема да се приклонува кон католичкиот Запад ниту православниот Исток, туку ќе го чека својот пат, а тој пат поврзан е со влијанието на Анкара.

Самиот факт дека постојат три сегменти кои можат да се издвојат представува доволна грижа. Во идеално свенарио, Балканот би бил крајно секуларен полуостров и секоја земја би имала квалитетни економски и други односи со сите правци на Истокот, Западот и Центарот.

За жал, такво сценарио не дочекавме и се случи токму спротивното. Заради тешката економска состојба екстремизмот во облик на религиски и национале екстремизам владее на сите страни.

Хрватска се наоѓа во позиција да со неа владее корпоративната елита, дури и неизбрана елита во стилот на италијанскиот премиер-банкар Марио Монти, што е одличен показател на целокупната радикализација, во внатрешноста на самиот народ каде нема ниту голема критика ниту голем отпор. На денот кога во Хрватска падна демократијата никој на тоа не се ни осврнал. Сите чекаат резултати од премиерот кој добил кружна нула на гласови бидејќи никогаш не бил ниту кандидат на избори.

Народот во Хрватска покажа дека е подготвен да се откаже и од таква ’кревка“ демократија, со надеж дека ќе дочека некаков “американски сон“. За жал нема да дочека ништо убаво, туку само огромни одрекнувања, економско понижување, брутални мерки на штедење, уништување на животниот стандард и живот кој за карактеристичниот работник седи на “од работно место во гроб“.

Ова очекување на резултатите во Хрватска наскоро ќе се претвори во бран на незадоволства, а тоа незадоволство тогаш ќе се канализира некаде или пак ќе бидат створени причини за тоа.

Православниот дел на СФРЈ, Србија, Црна Гора и Македонија е во тотална конфузија. Сиромаштијата и корупцијата ги надвладува овие општества, и секојдневно уште повеќе. Меѓутоа, овие земји сеуште не се целосно сврстени. Повеќето од народот сакаат добри односи со Истокот, притоа ниту слутејќи дека тој Исток, а тоа би требало да бидат Русија и Кина дека ќе ги користат за свои потреби и интереси.

Идејата на  силната  неврзанот почина со рападот на СФРЈ и изгледа дека никој повеќе за тоа ниту ни размислува, како сите да се доволно свесни дека не неврзани можат да бидат само додека се обединети, а тоа моментално не е опција.

Православниот сегмент има поприличен раскол помеѓу народот и власта бидејќи таа одамна е купена и продадена и заговара исклучиво ориентација спрема Западот. Кога ќе кажеме власт тогаш токму зборуваме за владејачката политичка структура и интересите на корпоративните класи.

Меѓутоа, полека и овој дел од Балканот  се свртува кон  Западот. Црна Гора веќе доби покана за влез во НАТО пактот. Исто како и Србија, сака влез во ЕУ. И Македонија е во иста ситуација.

Тоа нё доведува до третиот сегмент, муслиманскиот. Тој би се приклучил побргу кон Западот отколку кон Истокот, ама турскиот повик отвара некој нов правец. Се разбира, Турција денес не екако Турција од пред 10 па дури и 5 години.

Турското влијание на муслиманскиот сегмент на Балканот денес е поприличен и за Турција тој е доста важен. Ако некогаш Турција посака да стане предводник на “Центарот“, таа ќе мора да го шири своето влијание што е можно подалеку, а да се има влијание на Балканот, значи да се има и влијание во Европа.

Меѓутоа, добро, таквите суптилни сфери на влијани постојано се присутни и стануваат се поизразити.

Или накратко, со други зборови кој и да сака силно да ја виознемири Европа, тогаш тој ќе дејствува овде на Балканот. Најголемата терористичка мрежа на денешницава и некогаш ИСИЛ, веќе активно се шири од Блискиот исток на Азија, Африка, а следниот правец би можел да биде Европа.

Најопасно сценарио за Балканот би представувало продирањето на ИСИЛ, бидејќи тоа би донело постојана нестабилност и економски потрес сличен како кај Хрватска која живее од турцизмот. Исто така опасно е и американското зајакнување, како што тоа го гледаме во Хрватска, опасно ќе биде доколку Русија се обиде на некој начин да го спречи влегувањето на Црна Гора во НАТО, меѓутоа појавата на меѓународниот тероризам би било далеку најопасно.

Дали тоа ќе се сличи? Да се обидеме вака да ја прогнозираме ситуацијата – ако на некого во интерес муе да ја ослабне Европа, да ја направи Европа помалку самостојна, помалку неутрална, тогаш дестабилизацијата на Балканот би бил идеален чекор. Инкубатор на тероризмот на Балканот би представувал трајна закана за безбедноста на цела Европа, а таа нервоза можеби би била доволен причинител(повод) да се сруши целото европско заедништво.

Кој би посакувал значително ослабнување на Европа и европското заедништво? Разни актери,ама пред сё главната конкуренција, а тоа е САД. На Американските интереси и треба Европа која нема ниту да помисли на соработка со Русија, и Европа која ќе подлегне на американските корпоративни интереси, а не на сопствените интереси.

Се разбира, некој ќе рече дека тоа нема смисла бидејќи Европа веќе е под влијание на американските интереси.До некаде е, ама не сосема и не целосно, а особено не во онаа мера колку САД би посакувал.

Постојат ли актери на Блискиот исток кои навистина сакаат само ширење на екстремистичката религиска идеологија, експанзија на јалифатот, влегување во Рим и уривање на папата? Да, има и такви,секако, ама кога зборуваме за тероризмот на ИСИЛ, далеку посилни се геополитичките амбиции на поедини сили отколку некаква назадна идеологија. Тероризмот е политичко средство, екстремно средство, ама на крај сепак политичко.

Што се однесува пак на Балканот, на неговите народи веднаш би требало под итно да му стане јасно дека на неговата територија моментално дејствуваат три сили сили и дека ниту една од нив во предвид не го има нивниот интерес. Не мора веднаш да трчаат назад во заедничка држава, ако веќе не сакаат, ама во најмала рака би требале да бидат свесни на овие процеси, како не би им се случила гадна ситуација која со леснотија ќе го запали целиот овој регион.

dubai-portal.com.mk.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here