
Рускиот претседател Владимир Путин потврдил дека Русија соработува со сириските бунтовници од така наречената Слободна Сириска Војска (ФСА). Тој исто така изјави дека ФСА им проследува разузнувачки информации на руските сили по прашање на ситуацијата на ИСИЛ, што им помага на руските воздушни сили да вршат напади врз нивните положби.
“Руските воздушни сили изведиа неколки напади на положбите кои претходно им биле идентификувани од страна на ФСА. Просторите и позициите под команда на ФСА (Слободната Сириска војска) ги исклучивме од зоната на нашите воздушни напади.
Ова е уште еден показател дека ние не ја бомбардираме така наречената умерена опозиција ниту цивилите, нагласил рускиот претседател во интервју за руската новинска агенција Интерфакс.
Меѓутоа, како истакнува тој, САД сеуште не сака да соработува со Русија на просторот на Сирија, додека пак Русија е подготвена на тоа. “ Подготвени сме за соработка со Вашингтон и покрај фактот на тоа дека нивните операции во Сирија го кршат меѓународното право“, порачал рускиот претседател.
.










