САД – Џенифер Псаки портпаролка на Стејт департментот, во пишувано соопштение, ја извести јавноста дека санкциите кои САД ги воведе против Русија ќе бидат на сила се додека Крим не биде вратен во составот на Украина.
“Ние не ја признаваме руската политика на акенсија на Крим“, – пишува во соопштението на Стејт Департментот.
“Санкциите ќе траат се додека Крим не биде вратен во составот на Украина“
Ова изјава тешко е да не се протолкува како објава на трета светска војна, заради тоа што сосема е јасно, дека што се однесува до Кремљ, Крим повеќе никогаш нема да излезе од составот на Русија.
Според зборовите на Путин, “Крим е света руска земја“ и ставот на Кремљ по прашањето на Крим добро му е познат на Вашингтон, па во таа смисла вашингтон знае дека практично соопштија дека “санкциите ќе траат засекогаш“, односно дека ќе траат, гледано од агол на САД, до оној момент се додека по пат на сила Крим не биде вратен во составот на Украина.
Потсетуваме, Путин вчера изјави дека Москва со сигурност зане дека Америка стои зад пучот во Кијев, како и тоа дека Москва ја разгледува употребата на нуклеарен арсенал.
Дали ова соопштение од Вашингтон претставува продолжување на играта на остри изјави и одговори на зборовите на Путин или работите се доведени до вжештување и во наредните денови ни се заканува трета светска војна, останува да се види. Ама, вакво соопштение Стејт департментот тешко може да сугерира на дипломатски односи, нормализација на односите и смирување на тензиите помеѓу САД и Русија.
Извор: Правда











