Русија ја прогласи Радио Слободна Европа (РСЕ) за „непожелна организација“, според регистарот што го води Министерството за правда на земјата.
Последното ажурирање на регистарот покажува дека РСЕ е означена како „непожелна“ од 20 февруари. Според записот, РСЕ е 142-от ентитет кој е означен како таков.
Претходно, Канцеларијата на главниот обвинител одлучи да ги означи активностите на корпорацијата како непожелни во Русија, пренесува ТАСС.
Законот за „непожелна организација“, усвоен во 2015 година, беше регулатива поддржана од Кремљ за невладини и други организации кои се финансираат од странски извори.
Радио Слободна Европа е уредувачка независна медиумска компанија финансирана со грант од Конгресот на САД преку американската Глобална медиумска агенција.
РСЕ дистрибуира информации на 27 јазици во 23 земји каде слободата на медиумите е ограничена или професионалното новинарство е недоволно развиено.
Претседателот на РСЕ, Стивен Капус, вели дека „означувањето на РСЕ како непожелна организација е само најнов пример за тоа како руската влада го гледа вистинитото известување како егзистенцијална закана“.
„Милиони Руси се потпираат на нас со децении – вклучително и публика која соборува рекорди во изминатите неколку дена по смртта на Алексеј Навални – и овој обид да не задушат само ќе ја натера РСЕ да работи понапорно за да донесе слободно и независно новинарство за луѓето во Русија“, вели Капус.
Московскиот суд го прогласи за банкротитан бизнисот на Радио Слободна Европа во Русија минатиот март, откако компанијата одби да плати повеќекратни казни во вкупна вредност од над 1 милијарда рубљи (14 милиони долари) за кршење на таканаречениот закон за странски агенти.
Повеќе на:РСЕ










