Во Италија се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот А21 меѓу Манербио и Понтевико. Во сударот учествувале 20 возила, а загинале двајца сопружници кои останале заглавени под двокатниот камион, јавува Анса.

Повеќе од 25 лица се повредени и пренесени во болници. Патот во правец на Кремона и Бреша беше затворен.

На местото на несреќата се запалиле три автомобили. Во судирот учествувале и два автопревозници полни со возила. Жртвите останале заробени во своите автомобили, а маглата ги отежнала спасувачките операции.

„Маглата е виновна“, повторуваат полицијата и спасувачите. Помеѓу камион, комбе, два автопревозници и патнички возила има десетици возила кои исто така учествувале во судирот.

Тоа не беше единствената сообраќајна несреќа денеска во регионот Емлија Ромања. Во истиот регион денеска се случиле вкупно 11 сообраќајни несреќи, а на А22 во областа Модена загинал возач на камион. Вкупно се повредени повеќе од 50 луѓе. Во една од сообраќајните незгоди се превртело возило кое превезувало цемент, кое блокирало четири сообраќајни ленти.

Повеќе од 20 возила за брза помош се на терен, а противпожарните екипи работат на извлекување на луѓето од урнатините.

(Vijesti.ba)