Министерството за одбрана на Турција соопшти дека бројот на загинати турски војници во конфликтот со терористите во северен Ирак се искачи на девет, јавува Анадолија.
-Почина уште еден наш соборец, кој беше ранет во конфликтот со терористите кои на 12 јануари се обидоа да се инфилтрираат во нашата база во областа на операцијата „Канџа-Катанeц“, па бројот на загинатите војници се искачи на девет. – се наведува.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека терористичките цели во северен Ирак и Сирија биле погодени со копнена поддршка и воздушни напади, а бројот на неутрализирани терористи во северен Ирак се искачи на 20.
Министерството соопшти дека операциите во тој регион продолжуваат.
Турција започна серија операции против ПКК во северен Ирак од 2020 година, а последната операција „Канџа-Катанeц“ беше започната во април 2022 година, насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во областа Метина. , Зап и Авасин- Басјана.
Претходно, турските операции „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ беа започнати во 2020 година за да се обезбеди безбедноста на турскиот народ и границите преку неутрализирање на заканата од ПКК и други терористички групи кои го користат северен Ирак за планирање прекугранични напади.
ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).
За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.










