
Босна и Херцеговина крвари од сите страни. Србијанските крволочни ѕверки се сјатиле како гладни волци во соработка со чопори хиени надојдени од матичната држава Србија доена со идеологија на омраза и нетрпеливост кон се “нехристијанско“! Омраза и гнев кон се спротивно на учењата на верската елита на србијанската православна црква! Омраза и гнев на идеологијата на српската академија на науки и уметности! Намерно ги пишувам со мали букви имињата на овие верско-интелектуални институции кои се генератор на злото кое во само седум дена ќе предизвика насилна смрт на повеќе од 8372 или осум илјади три стотини и седумдесет и двајца Бошњаци со исламска верописповест.
Првиот геноцид на тлото на Европа по Втората Светска Војна. Геноцид спроведен со благослов на големите светски сили кои се нешто не знаеја што се случува во Сребреница но подоцна ќе стане јасно дека тогашните светски лидери намерно ја свртуваа главата од крвопролевањата во оваа земја чекајќи го крајот на војната кој што тие ќе го одредат.
Три децении од почетокот на овој крвав пир чија што цел беше физичка ликвидација и потполно протерување на муслиманското население на виделина излегуваат разни чудовишни договори зад кои стоеле цели гарнизони на осведочени убијци кои сеуште живееле во минатото а од кое научиле дека на тлото на Балканот не смее да се дозволи присуство на нехристијанска популација! Вистински хорор.
Тоа што се случи во Сребреница многу потсетува на геноцидот во Ерусалим спроведен од страна на крстоносните хорди предводени од Годфри Девијон, француски витез, докажан по своето дивјаштво и крволочност. Само неколку дена ги делат геноцидите во Ерусалим (Кудс) и Сребреница. Првиот се случил на 15.07.1099год. а вториот на 11.07.1995год. Дали е случајност и фактот што во последните 130 години Франција и е присен сојузник на Србија на Балканот? Познато е дека токму француските ‘миротворци’ пукаа по жителите на Сараево кога се обидуваа преку тамошниот аеродром да избегаат од секојдневните србијански бомбардирања.
Идентично исто е однесувањето на крстоносците по влегувањето во Ерусалим (Кудс) и Сребреница. “Кога крстоносните хорди влегоа во Кудс, со нивното дивјаштво почнаа да ги колат луѓето без да прават разлика помеѓу старците и децата, болните и здравите, женско или машко. На малку луѓе им успеа да избегаат а тие што не можеа да го сторат тоа, се забарикадираа во големата џамија Ел-Акса и дворот околу неа. Таму се собраа 100.000 старци, жени, деца и недозреани момчиња. Водачот на крстоносците ја виде оваа јадна глетка и не се двоумеше како ќе постапи. Веднаш нареди да се заколат сите што беа внатре. Масакрот започна и никој не водеше сметка кого убива.“ (од делото ПАЛЕСТИНА НИЗ ИСТОРИЈАТА, Д – р Тарик Сувејдан, стр.бр.103)
Дали демократскиот свет ќе смогне сили да не дозволи никогаш повеќе да не се случи геноцид на просторите на Балкан? Дали модерниот свет ќе има разбирање за фактот дека муслиманите се дел од светската заедница? Дали само Украина треба да биде помогната против Путин додека истиот секојдневно ги бомбардира муслиманите во Сирија а сите молчат? Дали муслиманите од Палестина и понатаму ќе бидат топовско месо на разулавените еврејски доселеници на кои никој ништо не им може? Дали само Турција се залага за правата на муслиманите во светот и колку ќе издржи со таквата позитивна политика? Каде се сите останати? Дали воопшто постојат останати?
Дали, дали, дали…









