Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција, според неофицијални резултати.
Резултатите на агенциите Анадолија и Анкара покажуваат дека Ердоган извојува тесна победа во вториот круг, победувајќи го својот ривал Кемал Киличдароглу.
Врховниот изборен совет на Турција допрва треба официјално да ги потврди овие резултати, но се чини дека Ердоган има околу 52 отсто од гласовите, додека Киличдароглу освои околу 48 отсто.
Во првиот круг на 14 мај, Ердоган освои 49,52 отсто од гласовите, додека Киличдароглу 44,88 отсто.
Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган почнаа да се собираат пред претседателската палата во Анкара, каде што веќе започнаа прославите, бидејќи актуелниот претседател на Турција има недостижна предност пред неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу во вториот круг од изборите.










