Нишката полиција го уапсила камионџијата А.И. (30) од Прешево, во чиj камион пронашла повеќе од 330 килограми марихуана, соопшти МВР.

Како што се наведува, осомничениот бил запрен во Ниш, а полицијата во приколката од неговиот камион пронашла 332 килограми марихуана.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството во Ниш.