Земјите од Советот за соработка во Персискиот Залив (GCC) нема да му се придружат на Западот во воведувањето санкции кон Русија поради војната во Украина, изјави  рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Аспектите на меѓународната ситуација, кои се поврзани со настаните што Западот ги одигра околу Украина, се добро разбрани од нашите партнери од земјите на Советот за соработка во Персискиот залив“, изјави Лавров за новинарите во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Неговата посета опфати состаноци со министрите за надворешни работи на GCC.

Руското Министерство за надворешни работи во неодамнешното соопштение соопшти дека Лавров и неговиот колега од Емиратите, Абдула бин Зајед Ал Нахјан разговарале за блиска соработка во стабилизирањето на глобалните цени на нафтата.

Што се однесува до извозот на жито, Лавров ја обвини украинската влада дека „го блокира патот за извоз на нејзиното жито во странство“.

„Нашата понуда до западните партнери е јасна, која вклучува обезбедување коридор за бродови кои превезуваат жито, по расчистувањето на мините, а турската страна понуди помош за расчистување на мините“, рече тој.


„Dubai-Portal“