Мехди Шабан (29), кој живее во Појасот Газа, блокиран од страна на Израел повеќе од 15 години, магистрирал со приходите што ги заработил со копање гробови.

Во Газа, која е во многу тешка економски ситуација поради блокадата, невработеноста е најголем проблем на младите.

Мехди Шабан, кој живее во Газа, е еден од младите луѓе кој делумно го оствари својот сон да студира, и покрај тешките услови и немањето можности.

Шабан за својот живот заработува со професијата гробар кој ја научи од татко му. Исто така, со тие заработени пари успеал да ги подмири школските трошоци. Минатата година, по четири години постдипломски студии, успеа да магистрира на Насоката за арапски јазик.

Во репортажата дадена за дописникот на Агенција Анадолија (АА), Шабан се осврна на својата решителност и напори вложени во образованието.

Шабан, истакнувајќи дека не може да ја земе магистерската диплома поради долгот за школарина од 770 долари, рече дека е многу тешко да се заштедат овие пари со копање гробови.

– Таткова професија „гробар“

Шабан, кој работи на гробиштата „Фелуџе“ во северниот дел на Газа, рече дека се потребни повеќе од три часа за да се подготви еден гроб.

Посочувајќи дека татко му 12 години бил гробар, младиот Палестинец рече дека ја продолжил професијата на татко му и дека неговото семејство живее од оваа работа.

Наведувајќи дека платата не му била доволна ниту за задоволување на неговите основни потреби со влошувањето на економската криза во Газа во последните години, Шабан нагласи дека поради невработеноста, поголем бој луѓе почнале да работат како гробари и дека со тоа се намалени и платите.

– Се занимава и со уредување на книги

Шабан истакна дека откако ќе заврши со ископувањето на гробот, оди дома, малку се одмора, а подоцна уредува книги.

Нагласувајќи дека е многу среќен што работи во оваа област на која има студирано, Шабан рече: „Не гледам никаква контрадикторност меѓу двете работи што ги работам. Мислам дека и двете работи ги извршувам добро.“

Шабан наведе дека од уредување на книгите заработува по 1 шекел (околу 17 денари) по страница, но дека тоа не е доволно за да го издржува семејството, па затоа мора да работи и како гробар.

– „Се чувствувам како птица подготвена да лета, но врзани ми се крилјата“

Нагласувајќи дека за секој ископан гроб добивал по 20 шекели, Шабан рече дека поради финансиската состојба не можел да ги оствари своите соништа.

Ја изрази својата желба дека сака да докторира, но дека не може да ја земе магистерската диплома бидејќи не може да ја плати школарината. „Се чувствувам како птица која е подготвена да лета, но нејзините крилја се врзани. Ми треба помош за да ги одврзам крилјата.“

Шабан, исто така додаде дека пропуштил две можности за стипендирање, едната од Тунис, а другата од Русија затоа што не можел да ја земе магистерската диплома.


Anadolu Agency