Иран објави дека е подготвен да тргува со Русија во национални валути, наведувајќи ги веќе постоечките договори и можности, објави во петокот „Sputnik“.

В0ицегувернерот на Централната банка на Иран, Мохсен Карими, потврдил дека двете земји ќе користат: „Националните валути – рубљата и томанот – и договори за ова прашање веќе постојат.

За време на дводневната посета на Москва во јануари, иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека двете земји разговарале за монетарни и банкарски прашања и се согласиле да ги отстранат трговските бариери за да ја зголемат трговијата на 10 милијарди долари годишно.

Иранските медиуми објавија дека комерцијалната размена во двете земји достигнала нов рекорд во 2021 година, надминувајќи еквивалент од 4 милијарди долари. Рускиот извоз во Иран изнесува над 3 милијарди долари, додека рускиот увоз од Иран достигна 967,3 милиони долари.

„Двете земји можат да преземат чекори за прекинување на доминацијата на доларот над монетарните и банкарските односи и трговијата во националната валута“, рече Раиси за време на посетата.

Речиси 80 отсто од трговијата меѓу Русија и Иран во моментов се состои од земјоделски производи. Русија извезува житарки и маслодајни семиња во Иран, а увезува иранско овошје и зеленчук, сушено овошје и јаткасти плодови.

Руските власти со години преговараат со сојузниците и партнерите за употребата на националните валути во меѓусебната трговија.

Во меѓувреме, „The Times of India“ објави дека Индија е блиску до потпишување договор за увоз на 3,5 милиони барели нафта по многу ниски цени.

Русија ќе и предаде нафта на Индија за да и помогне да ги избегне западните санкции наметнати на Русија поради нејзината војна со Украина.

Вреди да се спомене дека руската рубља изгуби половина од својата вредност по санкциите на Европската унија, но во меѓувреме ја врати својата вредност.

Русија потврди дека ќе побара од своите енергетски клиенти да ги плаќаат давачките во рубљи.


„Dubai-Portal“