Амбасадорот на Турција во САД, вчера (петок) предупреди дека среде Европа може да се појават „сценарија и слики како Авганистан“, бидејќи тешките борби меѓу руските и украинските сили се одолговлекуваат уште еден ден.
„Неодамнешната одлука на Русија да започне инвазија на Украина е неприфатлива“, рече амбасадорот Мурат Меркан на настан организиран од Центарот Вилсон, во Вашингтон.
Меркан рече дека Анкара и Украина и Русија ги гледа како „пријателски земји“ и ги повтори претходните понуди на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да посредува меѓу двете, иако тој рече дека тој пристап не бил „реципрочен“.
„Што се однесува до улогата на Турција во Украина, ние сакаме да бидеме посредник во овој конфликт. Сакаме да придонесеме за создавање мир“, рече Меркан.
Ердоган во петокот ја критикуваше реакцијата на НАТО и западните земји на рускиот напад врз Украина како неодлучна. Тој рече дека се надева дека денешната средба ќе доведе до поконкретни акции на алијансата.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“









